Министерството за внатрешни работи продолжува со интезивните проверки и активности за спречување на продажба и уотреба на приотехнички средства.
Полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Ф.А.(19) од Виница. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 3.000 парчиња разновидни пиротехнички средства.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
Набавувањето, продавањето и активирањето пиротехнички средства е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Кривичниот законик.












