Според податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19. Оздравени се 416, а починати се 16 лица, соопшти Министерството за здравство. Министерот Филипче, пак, информираше дека во земјава пристигнале 110.612 „Фајзер“ вакцини.
„Најголем број позитивни случаи регистрирани се во Скопје – 232, во Куманово се регистрирани 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово – по 10, Кочани и Радовиш – по 8, Гостивар и Кичево – по 7, Гевгелија и Валандово – по 6, Струга и Берово – по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по едно лице“, информира Министерството за здравство.
Регистрирани сe 416 оздравени пациенти од: Скопје – 214, Струмица – 70, Куманово – 23, Тетово – 16, Штип – 12, Кочани и Кичево – по 10, Гостивар – 9, Битола – 8, Велес и Кавадарци – по 7, Прилеп и Свети Николе – по 5, Крива Паланка и Богданци – по 3, Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран – по едно лице.
Починале 16 лица, од кои осум од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), три лица од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно починато лице од Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште шест лица, со датум на смрт во период од 14 до 20 септември 2021 година. Овие починати лица се: по двајца од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои три лица починале во болнички услови, додека три лица се починати во домашни услови“, соопшти Министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.
Инаку, како што соопшти министерот за здравство Филипче на официјалната Фејсбук страница, денеска во нашата земја пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“.
„Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација“, напиша Филипче.
Само со вакцинација, како што посочува Филипче, можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното.
„Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од Ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход“, пишува министерот за здравство./ МИА












