• Latest

Не може да постои и правда и социјална сигурност!

August 3, 2017
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Не може да постои и правда и социјална сигурност!

August 3, 2017 16:34
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Да се врати извршувањето во судовите. Таа идеја е далеку од паметот!“ Овој коментар е всушност, ставот на портпаролот на Комората на извршители на Македонија, Гордан Станковиќ, по бурните реакции на граѓаните на социјалните мрежи, коишто бараат укинување на приватното извршување и враќање на постапката во судовите, како порано.

Станковиќ во интервју за ЦИВИЛ Медиа изнесува и низа интересни аспекти „за“ и „против“ измените на законската регулатива што го детерминира процесот на извршување, за што се залагаат не само јавни претпријатија, што доставија претставки до Уставниот суд, туку и незадоволни граѓани, но и правни експерти, според кои, треба да прекине „побизнисувањето“ на извршната функција и печалењето на извршителите – на сметка на должниците.

„Главниот проблем во законот го лоцирам во криво поставениот пат за да се дојде до добар закон. Сега одиме по патот на потребите што ги регистрираме од јавноста, или со друг збор – популизам. Сè што е во рамките на популизмот, бидејќи тоа носи гласови, стана погонска енергија на пишувачите на законот, да излезат пресрет на желбите на популизмот. Тоа се гледа во подобрување на позицијата на должникот, во пролонгирање на постапката, во потребата да се намалат трошоците на извршувањето, во потребата извршувањето да биде што е можно поповолно за должникот. Извршувањето не постои за да имаме популизам, за да имаме добар однос кон должниците. Тоа е измислено за друга работа, за да има право! Тоа е цената на правото. Не може да имате и правда и социјална сигурност! Тие две работи не одат рака под рака, тие се спротивставени“, категоричен е извршителот Станковиќ.

Во одбрана на своите ставови, тој се навраќа на периодот од поранешна Југославија, кога, како што вели, „имаше регулатива што даваше многу права на должникот, но што излезе од тоа?“

„Ништо, тотално беззаконие. Од тоа се распадна државата, бадијала постои суд, можеш слободно да го укинеш судот. Добивме 500 до 700 нерешени предмети, сега некој во таа ситуација ја истакнува идејата да се врати извршувањето во суд… Мене тоа не ми влегува во глава. Како е можно, сите да сме сведоци на извршувањето што траело од 1945 наваму, всушност, овој систем е замислен од Кралството Југославија, и тој систем видовме како функционира, добро во однос на должникот, ама абер нема со примена на правдата! Ниту го штити сопственикот, ниту го штити капиталот, ниту го штити системот! Тоа е едно маткање, паткање, шетање … Јас сум бил адвокат, постапките ги водевме до правосилност, кога ќе се завршеше постапката со пресуда, најголем дел од адвокатите не сакаа да работат, зашто тоа е напразно губење време, нервоза… Е, сега, се измисли нов систем којшто сето тоа го решава во добра мера и некој повторно вели – да се врати во судот. Па, нека се врати. Лично, сметам дека е тоа дискусија што е далеку од паметот“, коментира портпаролот на КИРМ, Станковиќ.

Факт повеќе за да остане приватното извршување, според Станковиќ, се примерите во сите европски држави, освен Германија, каде што има државно извршување.

„И земјите со континентално и со англиско право, сите имаат приватно извршување. А, има повеќе причини за тоа. И тие причини не треба да бидат ставени во дускусија, зашто општата јавност не ги разбира“, оценува извршителот Станковиќ.

 

Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов

 

 

Tags: Гордан Станковиќдоверителдолжникзаконизвршителизвршно решениеизмени на законотправдаправосудењештета
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ