fbpx
Фото: МИА
Уништени руски возила надвор од Пилна.Фото: ОМЕГА ДРОН ГРУПА

Не сме „топовско месо“!

Почитувани, господа, професори, директори, родители, средношколци – колеги… Низ ситуацијата во која се наоѓа нашата држава, нема заинтересирани страни, а ни најмал простор за решавање на најголемата кочница на образованието и интелегенцијата – екстерното тестирање… Тргајќи од ова, ние како средношколци, немаме (барем сега) можност за решавање на истото, што не значи дека сме се откажале од битката. Но, по последните случувања, со протестите за зачувување на унитарноста и против двојазичноста, бевме вмешани и ние, како најнезасегната и најнеповикана страна, на „браникот на ситуацијата“. Најстрого досега, го осудуваме, вршењето на притисок, ограничување на движењето и слободата на учениците!

Почитувани, дозволете да ви разјасниме: Ние, додека сме на училиште, не сме ваша сопственост! Во моментот кога го кренавме нашиот глас против проектот што ја загрозуваше нашата иднина, бевме таблоидно, јавно и транспарентно осудени, заклучувани во училиштата како во поправни домови, и тоа беше осудено како начин на кој се узурпира и бесполезно прекинува наставата.

Сега, по само две години, истите тие господа, директори, професори, нѐ тераат да се приклучиме кон нешто што го компромитира и ни малку не го тангира нашето битисување во училиштата и училишниот систем. Исто така, строго го осудуваме обидот и револтирани сме од изнесените написи во одредени медими, кои преку спин и манипулација, сакаат да ги претстават учениците кои се на одмор – како се упатуваат на протести во Скопје.

Искрено се надеваме дека ваквото пропагандистичко и таблоидно изнесување на вести ќе престане, а средношколците нема да бидат на удар на политички групации. Повикуваме на зрелост и смиреност, а од надлежните институции и ресорното Министерство, недвосмислена и итна реакција. Средношколците се тука, за да го збогатат своето знаење, да инвестираат во својата иднина и во иднината на цела Македонија, да се спротивстават едногласно на нешто што го попречува и ограничува тој процес .

Средношколците не се „живо топовски месо“, ниту „пиони“, а најмалку пак, политичари во оваа земја!
#ПоздравПленумци

 

Print Friendly, PDF & Email

CIVIL MEDIA NEWSLETTER