• Latest

Не треба да се разочараме ако не добиеме покана!

May 10, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Не треба да се разочараме ако не добиеме покана!

May 10, 2018 12:52
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за Јавни Политики по примерот на ЦИВИЛ Центар за слобода денеска огранизираше панел дискусија на тема „Предизвиците на Република Македонија пред самитот на НАТО во 2018 година“ поддржан од НАТО Дивизијата за Јавна Дипломатија.

На панелот говореа Стево Пендаровски, национален координатор за НАТО, капетан Горазд Бартол, шеф на канцеларијата на НАТО во Скопје, Нора Алити, поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија и проф. д-р Стојан Славески директор на дирекцијата за безбедност на класифицирани информаци.

Според Пендаровски најголемиот предизвик на Македонија пред НАТО Самитот „е и ќе остане внатрешната кохезија на земјата“.

Капетан Бартол истакна дека вратите на Алијансата се отворени.

„Скопје избра да биде членка на НАТО. Реформите кои се пред вас се долги и полни со предизвици. Вашиот напредок е одличен, но има уште работа. Предуслов е постигнување на договор за името“ рече Бартол.

Алити, пак истакна дека најголемиот предизвик е да не се изгуби надежта доколку не добиеме покана на претстојниот Самит. Со оваа констататција се согласи и Славески.

Изгубените 10 години во процесите за интеграција на Македонија во НАТО и Европската Унија, менувањето на власта, очигледното отворање на процесите за подобрување на состојбите во дипломатијата и зајакнувањето на врските со меѓународната заедница се повод за се почестите дебати за предизвиците, предностите и придобивките од влез на земјата во НАТО и ЕУ.

На конферецијата која ја организираше ЦИВИЛ во Пендаровски истакна дека луѓето во Македонија не се запознаени што точно ќе претставува приклучувањето кон НАТО. Најчестиот проблем, според граѓаните, е дека Македонија  нема да издржи поради буџетот.

„Секој цени според тоа колку може да даде, нема присилба дека некој ќе ни рече или ова или ќе ве истераме од Алијансата.“ изјави Пендаровски.

„Анализите на јавното мислење покажуваат дека граѓаните на Македонија немаат многу информации што точно значи НАТО. Тие интиутивно го имаат својот став за членството на Македонија во НАТО. Дел од тие впечатоци се базираат на бројки“, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на конференцијата на ЦИВИЛ, одговарајќи на прашањата кои се однесуваат на задачите кои треба да се завршат во процесот на зачленувањето на Македонија во НАТО, дали спроведувањето на активностите во рамките на процесот гарантираат транспарентност на институциите и почитување на човековите права и слободи, како и на предизвиците и можностите кои се отвораат во овој процес.

„Јас сакам официјално да и предложам на македонската влада, јас како новинар, небитна личност, да се обидат со Грците во Солун да отворат канцеларија за соработка на млади. Грчко-македонска канцеларија. Таква канцеларија меѓу Франција и Германија постигна фантастични успеси. Стотици млади луѓе да поминаа низ таа канцеларија за да надминат многу потешка историја од таа што ние ја имаме со Грција. Непријатен е спорот, гледаме дека се движи кон решение, но и да не се постигне, важно со нашиот сосед, со кој на крајот на краиштата и немаме толку горки искуства како што имаат Франција и Германија меѓусебно, ќе почнеме да градиме една нова генерација што на друг начин ќе ги третира овие проблеми“, порача Орданоски, предлагајќи и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, исто така, една од говорничките на панел дискусијата, да отворат таква канцеларија со табла на која ќе пишува грчко-македонска соработка и со дипломати што само тоа ќе го работат.

Амбасадорката на Хрватска, Даниела Баришиќ, на конференцијата која ја организираше ЦИВИЛ истакна дека ваквите трибини или дискусии се исто така, добар начин граѓанките и граѓаните да се запознаат, да се едуцираат, за тоа што всушност значи да си член на НАТО и што всушност претставува НАТО.

„Подготвувајќи се за овој настан, читав некои истражувања, според кои голем број на невладини организации, всушност беа против влегување во НАТО. Причините беа, нема војна, никој нема да не загрози, слободни сме, нема потреба… Меѓутоа тоа беше пред 10 години кога не постоеше, во ваков облик, меѓународен тероризам, не постоеше ИСИЛ, кога не постоеше ваков страв од миграции, значи сѐ се менува. Исто така, постои страв дека, еве сега ќе се изградат НАТО бази и нема повеќе туризам“, изјави Баришиќ, наведувајќи неколку примери за неоправданост на стравот од затворање на земјата за туристи.

Маја Ивановска

Tags: НАТОпредизвициСамит
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ