• Latest

На 13 март продолжува судењето на Канческа Милевска

February 21, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На 13 март продолжува судењето на Канческа Милевска

February 21, 2018 11:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на судечкиот совет во Кривичниот суд Скопје, Осман Шабани, предмалку го прекина денешното прво рочиште од судењето на поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска  и продолжението го закажа за 13 март. Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за злоупотреби со тендерот за изведување на градежните работи во Музејот на ВМРО, како дел од проектот „Скопје 2014“.

Дотогаш судијата Шабани ќе треба да се произнесе по приговорите на одбраната на Канческа-Милевска во однос на вештачењето на доказите и надлежноста на СЈО во овој предмет.

На почетокот на судењето, адвокатите Сашо Дуковски и Еленко Миланов реагираа до судот во врска со вештачењето од „ЕОС консалтинг“,оценувајќи го како необјективно. Станува збор за вештачење на подружница на италијанска компанија, која не може да се јавува како носител на вештачење. Вештачењето изработено на 700 страници е потпишано од Страхил Глигоровски. Лиценцата за работа на Глигорвски важела до 17 април 2017 година, а вештачењето било изготвено на 30 мај 2017. Лиценцата за работа на Глигоровски му била продолжена на 21 јули 2017 година. Од овие причини одбраната побара изземање на вештачењето на „ЕОС консалтинг“ заради необјективност и издвојување од другите списи во предметот.

Адвокатката Сања Алексиќ побара СЈО да им ги даде аудио материјалите, предложени на листата на докази, поради оспорување на надлежноста на СЈО, напоменувајќи дека е недоволно само со доставувањ ена ЦД-еа да се тврди деја СЈО е надлежно за водење на оваа постапка.

На ова обвинителот на СЈО, Стевчо Донев, реагираше дека истиот приговор бил изнесен и при поднесување на обвинителниот акт, за што Советот за оценка на обвиниението  на 26 декември 2017 година бил одбиен како неоснован. За приговорот на вештачењето, пак, кажа дека согласно Законот за вештачење, откако ќе се продолжи важноста на лиценцата таа важи од следниот ден по престанокот на важноста. Кога била дадена наредбата за вештачење двете вешти лица имале важечки лиценци.

Апелацискиот суд Скопје во ноември лани реши дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка и во случајот „Тендери“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Елизабета Канчевска Милевскарочиштетендери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ