• Latest

На 16 јули почнува судењето за „Плацевите на Водно“

June 22, 2021
Фото: Скриншот

Црна Гора и Украина потпишаа договор за десетгодишна безбедносна соработка

May 14, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Báo Nghệ An

ЕУ се согласи за 17-ти пакет санкции против Русија

May 14, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Трамп најави промена во ставот на САД кон Сирија

May 14, 2025
Милорад Додик

И Литванија со санкции за Додик, му забрани влез до 2030 година

May 14, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ за излегувањето на Таравари од владата: Државата не оди во провалија, ги боли фактот што веќе нема амнестии, нема рекети, нема наместени тендери

May 14, 2025

ДУИ: Мицкоски и неговиот најблизок круг целосно се откажаа од европското досие

May 14, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 29 луѓе

May 14, 2025
Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс / Фото: Амбасада на Обединетото Кралство

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс на средби со државниот врв

May 14, 2025
Фото: Скриншот

Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

May 14, 2025
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

На 16 јули почнува судењето за „Плацевите на Водно“

June 22, 2021 17:14
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за случајот „Плацови на Водно“, каде што меѓу осомничените се бизнисменот Јордан Камчев, Сашо Мијалков и експремиерот Никола Груевски, почнува на 16 јули.

Првото судско рочиште беше закажано откако Основниот кривичен суд информираше дека во целост е одобрен обвинителниот акт. Судијата Илија Трпков ќе го водат случајот, а од судот информираат дека обвинителството и одбраната се известени за датумот и времето на првото судско рочиште.

Покрај споменатите, обвинети се и Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ и мајката на Камчев, Ратка Куновска-Камчева.

Истрагата за случајот „Плацови на Водно“ беше отворена во октомври лани, а Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението во мај годинава.

Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1.3 милион евра (79.972.140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно. Покрај имотот на Водно, обвинението опфаќа и два стана во главниот град и две парцели во Крушево за кои обвинителството тврди дека се прикривал вистинскиот сопственик.

Груевски е обвинет за делата перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Камчев, неговата мајка, како и Новачевски и Јосифовиќ се товарат за перење пари, додека Мијалков е обвинет за помагање во делото перење пари.

Од обвинетите, Камчев веќе 3 месеци се наоѓа во притвор за овој предмет, а Мијалков е во притвор за случајот „Трезор“ каде е неправосилно осуден на 8 години затвор. Со поднесувањето на обвинението, Јосифовиќ и Куновска-Камчева добија обврска да се јавуваат еднаш неделно во судот, а на мајката на Камчев ѝ беа одземени и македонскиот и бугарскиот пасош.

Судот тогаш одреди притвор и за Груевски, но со оглед дека тој е во бегство во Унгарија мерката за него би стапила на сила ако некогаш биде достапен за македонските органи. Но поради неговата недостапност, во останатите предмети на експремиерот му се суди во отсуство.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ