На 28 јуни, на Денот на Уставот на Украина, Амбасадата и Здружението на Украинците „Лесија Украинка“ се приклучија на граѓанската иницијатива за поставување светски рекорд за симулирана изведба на песната „Ој у лузи червона калина“ со учество во живо од различни делови на светот.Украинците од Северна Македонија, песната ја изведоа на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Од Украинската амбасада во Скопје искрено им го честитаат на сите државен празник – Денот на Уставот на Украина – Потврдување на европскиот идентитет на украинскиот народ и неповратноста на европскиот и евроатлантскиот курс на Украина, се вели во честитката од Амбасадата.
Слава на Украина!
Подготви: Д.Мишев