• Latest

На Детската клиника вработени 20 медицински сестри

February 14, 2018

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На Детската клиника вработени 20 медицински сестри

February 14, 2018 13:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Добиена е дозвола за вработување со договор на дело за 20 медицински сестри и тие почнаа со работа. Тие претходно беа инволвирани по одделите. Очекуваме одобрување за вработување на дополнителни 20 сестри. Има поголема потреба од сестри, но и со овие 40 медицински сестри ќе се подобри состојбата. 

Ова денеска го истакна директорката на Клиниката за детски болести, д-р Катарина Ставриќ, која рече дека сестрите кои почнале и ќе почнат да работат ги очекува период на специфична едукација на одделите.

– Одделението за хематологија функционира, пет од 20-те сестри работат, а од втората група сестри во тоа одделение ќе бидат ангажирани уште три. Моментално на Одделението за онкологија се хоспитализирани 12 деца, а три четири деца на хематологија, рече д-р Ставриќ, одговарајќи на новинарско прашање по предавањето на донацијата апарат „Vein Finder“ за полесно наоѓање вени кај мали деца од Центарот за дијализа Диамед Македонија.

Д-р Ставриќ рече дека сестринскиот кадар на таа Клиника е намален, оптеретени се со дежурства, релативно се возрасни со хронични заболувања, а добар дел од нив често пати земаат боледувања. Таа изрази надеж дека со овие 40 сестри ќе се подобри тој дел од работата.

– Недостига кадар се бидејќи кадровската политика во последните години била лоша, а голем дел од сестрите и докторите заминаа во приватните болници. Дел од сестрите заминаа во Германија. Старосната возраст на докторите е голема и ни недостигаат доктори на сите оддели. Ние сме Клиника со 13 оддели и секоја супспецијалност има двајца до тројца специјалисти, тоа е премалку за да се организира работата, а посебно имајќи предвид дека дел од докторите дежураат покриваат одделение, супспецијалистичка амбуланта, професорите се вклучени во настава, во едукација…Има потреба од повеќе доктори по одделите, рече д-р Ставриќ.

Посочи дека имаат специјализанти, а дел од нив веќе се вклучени во одредени оддели за да се насочуваат во процесот на едукација.

Недостига нова апаратура, потенцира д-р Ставриќ и додаде дека постојната апаратура има свој век на траење и треба постојано да се обновува.

– Апаратура без специјалисти, без доктори не ви користи. Затоа акцентот ни е ставен на создавање кавалитетен кадар, на преност на знаењето од постојните супспецијалисти на младите за да можат да бидат ефикасни во поставување на дијагнозата. Соработуваме и со другите институции во рамки на Клиничкиот центар. Застој во работењето нема. Ова е врвна установа, сите тешки пациенти доаѓаат тука и се успева и со пожртвуваност и на докторите специјалисти и на сестрите да се даде врвна здравствена заштита. Во моментот околу 120 деца се хоспитализирани, а околу 20 има во дневната болница, додаде д-р Ставриќ.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини

Tags: вработувањедетска клиникамедицински сестри
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ