• Latest

На два дена пред избори, МОН додели стипендии на средношколци – Роми!

December 9, 2016

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На два дена пред избори, МОН додели стипендии на средношколци – Роми!

December 9, 2016 17:38
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Роми – средношколци во учебната 2016/17 година, од Тетово и Гостивар, денеска потпишаа договори за стипендија, од проектот „Стипендирање и менторство/туторство на средношколци – Роми“. Проектот е финансиран од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта, а го имплементира Управата за развој и унапредување на образованието на заедниците при МОН.

15338842_1028937517228162_4858712823460530260_n

ЦИВИЛ Медиа побара изјава од директорот на Управата за развој и унапредување на образованието  на заедниците, Реџеп Али Чупи (кој, воедно е претседател на Унија на млади на Сојузот на Ромите на Македонија – СРМ) за тоа колку стипендии се доделени и зошто токму денеска се потпишуваат договорите, ден пред изборниот молк. Тој ни изјави дека доделувањето на стипендиите нема врска со политиката и дека конкурсот е отворен уште пред распишување на изборите.

10349071_1014417465288258_7658314653385872192_n
Реџеп Али Чупи, директор на Управата на заедниците при МОН

„Знам дека ќе се сфати погрешно, дека се искористува моментот, меѓутоа, ве уверувам дека нема никаква политичка заднина. Можете да ги прашате родителите на сите стипендисти. Ние имаме дозвола од Антикорупциска комисија дека смееме да потпишуваме договори за стипендии на два дена пред избори, бидејќи денеска е работен ден“, истакна Чупи.

Тој додаде дека проектот се имплементира веќе осум години, дека ќе продолжи стипендирањето на учениците Роми и дека договорите се потпишаа денеска, бидејќи имаат проектна обврска да се имплементира во дадениот рок.

Самка Ибраимовски, претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), за ЦИВИЛ Медиа истакна дека доделувањето на стипендии на два дена пред избори е класична манипулација и дека со тоа се врши притисок врз родителите на учениците.

„Ова е класична злоупотреба, поткуп и притисок врз родителите на средношколците, но, ги уверувам дека после 11-ти декември сите ќе одговаарат за злоупотребите што ги прави власта и нивните коалициони партнери“, ни изјави Ибраимовски.

ЦИВИЛ – Центар за слобода во неколку наврати апелираше до сите политички партии да ги тргнат рацете од децата и да не вршат притисоци врз нивните родители.

ЦИВИЛ регистрираше низа прекршоци на претставниците на политичките партии кои вршеле злоупотреба на малолетници во политичката изборна кампања.

Дехран Муратов

 

Tags: ден пред изборизлоупотребаМОНсредношколци Ромистипендии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ