• Latest
Бојко Борисов

На истокот ништо ново: ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија, неизвесно формирањето на владина коалиција

October 28, 2024

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

На истокот ништо ново: ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија, неизвесно формирањето на владина коалиција

October 28, 2024 09:10
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Бојко Борисов

Бојко Борисов

Share on FacebookShare on Twitter

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми во последните две години, покажуваат првичните прелиминарни резултати од гласањето.

Како што пренесува МИА, ГЕРБ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформистичката коалиција на партијата „Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија.

Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет.

Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.

На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција. Набљудувачите сугерираат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии.

Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз бугарската економија и нејзината надворешна политика. Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи. Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени.

Како што пренесува Фактор.бг, Европската народна партија (ЕПП), чија членка е ГЕРБ, упати честитка до лидерот Бојко Борисов и партијата за победата на изборите што се одржаа денеска.

„Честитки до Политичката партија ГЕРБ и Бојко Борисов за успешните изборни резултати“, напиша ЕПП.

Победата на ГЕРБ го исполни посакувањаето на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој пред изборите во Бугарија истакна дека посакува победа на ГЕРБ на Бојко Борисов, што според него е логично бидејќи двете партии се дел од  Европската наодна партија.

„Со партијата ГЕРБ што ја води Бојко Борисов сме во исто политичко семејство, во Европската народна партија. Изборот е логичен“, рече Мицкоски, прашан кого би издвоил како подобар соговорник, дали Бојко Борисов од ГЕРБ или Кирил Петков од Продолжуваме со промената (ПП).

Да потсетиме, предходно Мицковски, додека беше во опозиција, на прашањето на Борисов „Дали вие ќе го подкрепите договорот…“, одговори потврдно на бугарски јазик .

„Сѐ што може да биде позитивно и за двете страни, и за Македонија и за Бугарија ние ќе подкрепиме“ – одговори тогаш Мицкоски со сведната глава.

М. Д.

 

Tags: Бојко БорисовГЕРБИзбори Бугарија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ