Избирачкиот список ги покажа своите слабости на сите претходни референдуми кои ги набљудуваше ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Според извештаите од теренот, еден гласач недостасува на Избирачкиот список во Избирачкото место број 1817, во ОУ „Гоце Делчев“ во с. Петралинци, општина Босилово. ЦИВИЛ ќе ги сподели овие податоци и со Државната изборна комисија, со надеж дека тие недостатоци ќе бидат санирани до локалните избори во октомври.