• Latest
Војо Маневски

На народот никој не може да му погоди

October 23, 2023
Man installing alternative energy photovoltaic solar panels on roof

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

September 18, 2025
Фото: ЦУК

Вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола во изминатото деноноќие

September 18, 2025
претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, на прес-конференција во Белата куќа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Федералните резерви ги намалуваат каматните стапки, предупредуваат за застојот на пазарот на трудот во САД

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на
24 Канал

Дмитриј Козак, соработник на Путин кој се спротивставува на војната во Украина, поднесе оставка од функцијата во Кремљ

September 18, 2025
Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

ABC ја повлече емисијата на Џими Кимел „на неодредено време“ по заканата од администрацијата на Трамп

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелските тенкови навлегуваат во една од најгусто населените станбени области во Газа

September 18, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На народот никој не може да му погоди

October 23, 2023 14:57
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Народoт секогаш е во право е лаконска изрека на оние што сакаат на масите да им се додворат. Затоа што тоа ништо не ги кошта и ништо не ги обврзува. Сите сме народот ама некој е повеќе народ, а некoи се само бројки од тоа множество. Сите сме рамноправни, ама некои се малку повеќе рамноправни според правата што ги уживаат. Затоа тврдам дека народот е само завеса зад која се кријат оние што и немаат многу одговорност кон „народот“. Имам ли право? Имам само право на свое мислење и изгледа и само тоа ми остана. А моето мислење најчесто и мене не ми се допаѓа ама според мене е вистинито. Не сме знаеле што е демократија? Можеби не знаеме што напишал Сократ или некој мудрец од пред илјадници години ама знаеме дека сме постојано незадоволни. Не ни е ова од некаков проект на некоја тајновита сила што ги движи процесите во светот, туку тоа е природност на мојот народ. Во предност сум пред помладите читатели зошто господ веќе подолго ме поднесува да бидам сведок на неколку генерации на народецов.

Ете на пример се сеќавам дека во времето на едноумието (генијалнo глупава кованица) кога самоуправувачите постојано беа незадоволни од шефовите и директорите (од политичарите тајно). Вакви изјави имаше „Па татково ли му е имање претпријатието тој за сѐ да донесува одлуки и да има плата пет пати поголема од мене“? Јас работам на отворено се мачам, а тој си седи во канцеларија и да зема толкава плата. Не му е ова капитализам, па да се однесува како сопственик на претпријатието!

Не ви е добро вака? Не сакате работничка авангарда? Добро другари самоуправачи? Ете вие кажете како да се води Самоуправнава организација? Вие донесете одлуки јас ќе ги спроведам, проверено корисен беше одоворот. Се јавуваа самосвесни самоуправувачи кои веднаш велеа: „Директоре ние не сме против вас лично само платите ни се мали и сакаме зголемување, а вие водете го претпријатието како знаете“. И така течеа тие состаноци после кои шефовски места добиваа оние што се ставија на страна на директорот, а платите пораснаа за некој повеќе за некој помалку се додека не дојдеше известување дека е пробиен буџетскиот плафон на претпријатието за поголеми плати ќе мора да се бара помош од пошироката самоуправна заедница, а дотогаш ќе сме на минималец. Така беше, а јас прашувам дали и денес не е нешто слично, иако со други имиња на институциите и органите?

Сонцето реши да изгрева од запад и ние како народ се израдувавме дека со западното сонце ќе не стопли и западниот стандард. Цинични тие од западот не ни кажаа дека за таков систем и стандард треба и некој друг народ со други карактеристики и навики. Тоа слугерајското си го имавме и за извоз ама тоа одговорното газдување или не сме го имале или сме го изгубиле низ последните педесет години колективност. Ама на народ никој не се погодил и нема тоа да може ниту во иднина. Директорите станаа сопственици на компаниите (претпријатијата) и повторно народот е незадоволен, иако е ослобден од одговрноста да се самоуправува. Кој се погодил на народ нека дојде да ми каже.

„Науката е згустено искуство“ велеше мојот професор Панов што запаливо го предаваше она што се нарекуваше научен социјализам. Науката вели дека пролетерјатот како најнапредна класа може да прескокне и цели општествени епохи. На пример ете македонскиот народ го прескокнува капитализмот и од полуфеудално општество влегува во безкалсно социјалистичко општество. Гледате дека сега трактори ја орат земјата, а не воловски рала со јареми. Ете така и народот ги раскинува старите односи.

– Мој почитуван професоре би сакал ако  држиш часови во небеските одделенија да ти кажам…

Воловите отидоа во историја, ама ние јаремот си го задржавме не како етнолошка поставка, туку како состојба на духот. Ние без јарем не можеме само го менуваме господарот што го држи остенот. Ако нема јарем нема да имаме кого да пцуеме и колнеме, а без тоа нашиот живот нема смисла.

Ќе мора заедничкото да го чуваме како свое, а тоа повлекува нова дилема – од кого ќе крадеме ако сѐ е наше. Нема смисла сами од себе да се крадеме. Има ли одговор во таа твоја наука за тој наш идентитет со кого со милениуми се бориме. Како да направиме да не го делиме она што е наше, а заедничкото да биде и наше?

Ни објаснија западните демократи дека за демократија ни се потребни повеќе политички партии. Кога му удривме на правење партии, кога се залетавме та и денес тој залет не ни запира. Само не нѝ кажаа дека не треба сите да бидат по теркот на старата партија, туку да овозможат да се кажува и тоа што не му се слуша на партискиот шеф. Ние така знаеме и така правиме. Од една направивме педесет нови партии и ги крстивме со разни имиња и додавки. Они нас ќе не учеле што е политички маркетинг ооо! Па ние милениуми поминавме со такво поведение. Едно мислиме, друго кажуваме, а трето правиме. Не сме ние некој протестантски дух, па сѐ да ни е на едно место. Ние сме милениумски народ и се веќе сме искусиле. Ние не сме знаеле да судиме по закон? Не е проблем судењето, туку законот што кај нас е според состојбата и човекот. Вар човек, вар закон е наше старо правило. Тие давале пари? У бре, па зошто ги даваат како помош кога постојано си ги бараат или прашуваат како сме ги трошеле? Кај нас се знае, ако даваш, даваш како на црква. Дадеш и не е убаво да прашуваш како попот или клисарот ги трошат. Штом си ги дал, халал, не смееш да викаш харам.

И сега сите протестираме и бараме повисоки плати и пензии. Од каде пари велат од Владата. Снајдете се господа затоа ве избравме вели неразбраниот народ. Не нѝ велевте во кампањата дека треба повеќе да работиме и да бидеме одговорни кон работните обврски. Вие велевте гласајте за нас, па после се ќе биде во ред. Е сега нема пари, па најдете ги, ние нашето го направивме.

Ете таков е нашиот народ, таков е мојот народ, ни подобар, ни полош од оние кои го водат. А кога го водат оние од народот ќе бидат такви каков што е народот. Народот можат да го водат само оние што не се како него, оние што можат да му кажат кој е вистинскиот правец зошто не се како него и се подобри од него.

Оној мудриот антички мислител Сократ за демократијата рекол, ама мислел на природата на неговите елини. Ете ни врска со антиката и доказ дека и ние имаме антички корени.

„Демократијата мора да пропадне. Сиромашните ќе го сакаат богатството на богатите, а демократијата тоа ќе им го даде. Младите ќе го сакаат угледот на постарите и демократијата тоа ќе им го даде. Жените ќе ги сакаат правата на мажите и демократијата тоа ќе им го даде. Пробисветите и нечесните ќе дојдат до власт, а тоа ќе им го даде демократијата. Е тогаш, кога криминалците и нечесните ќе ја заземат власта, демократијата веќе нема што да даде и ќе пропадне“.

За слободата требаше да пишувам пред празникот, ама за неа и не знам доволно. Тешко јаремот го симнувам зошто ми сраснал со вратот и без него не се чувствувам слободен.

Па честит празник мој народу! Тоа барем не ме чини ништо, ама ќе ме чини предлогот за ПРОСВЕТЕНА ДЕМОКРАТИЈА. Нека кошта што ќе кошта, празник е.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    192 shares
    Share 77 Tweet 48
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ