поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Груевски во својство на бегалец ни кажува дека заличивме на просјачка земја, а не ни е финансиската состојба таква. Финансиската состојба ќе ни беше уште подобра доколку тој не „купуваше чоколади додека немавме за леб“. Поради тоа едвај се спаси од Ставревски, да не му ја скрши главата со слушалката на телефонот.
Спротивно на постојаните повици на здравствените власти, граѓаните строго да ги почитуваат мерките за социјална и физичка изолација, една партија на власт ангажира 10.000 свои активисти, за само два дена да посетат повеќе од 2000 семејства, само за да им кажат дека не се сами. Остана непознато дали со ова е запознаен и Кризниот штаб.
*
Од она што секој ден се слуша, на некои партии, независно од тоа што зборуваат, не им е најважен приоритет здравјето на граѓаните, кое е под закана на пандемијата со корона вирусот, кога на големо се лицитираат можни датуми за изборите.