Министерството за правда соопшти дека во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир- Турција информираат дека на лицето Љупчо Пелевски му е одреден привремен затвор во ,,Затворена казнено-поправна установа Беликесир “-Турција.
„На Љупчо Палевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело ,,Намерно убиство на дете”, согласно Законот 6706 член 1, со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена“ соопштија од Министерството за правда.
Според последните информации од Правда, постапката за екстрадиција би можела да трае и до неколку месеци, а скратена постапка е можна само кога лицето прифаќа да биде екстрадирано.