• Latest
илустрација: Зоран Кардула

На почетокот беше зборот…

November 9, 2020

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На почетокот беше зборот…

November 9, 2020 09:00
in ГОВОР НА ОМРАЗА, МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
илустрација: Зоран Кардула

илустрација: Зоран Кардула

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БЕСА АРИФИ

Децата не знаат да зборуваат. Тие учат да зборуваат додека растат. Децата не знаат ниту да мразат. И омразата ја учат додека растат. Децата кога се раѓаат, знаат само за љубов.  Тоа можат да го изразат многу убав, во секој поглед, во секој израз, во секое дело. Возрасните ги учат децата за многу работи, меѓу кои, и да мразат.

Ниедно дете нема да излезе на улица и спонтано да вика „Мртов Шиптар, добар Шиптар„. Ниту едно. Ваквите изрази не се појавуваат ами од себе во вокабуларот на еден тинејџер, чиишто чувства природно изразуваат љубов, но, треба да се негуваат на посебен начин и упорно, за да ја изразат омразата.  Бидејќи омразата се учи, а љубовта доаѓа сама од себе. Да сееш омраза во срцата на младите, да ги индоктринираш да мразат до смрт свои врсници, не е само грев, туку злодело. Затоа во нашето кривично право постои групата на дела од омраза. Овие дела почнуваат од нешт што се нарекува „говор на омраза“, тој говор што се негува упорно од страна на возрасните, од тие што функционираат со дискриминирачки менталитет, од тие што мислат дека се подобри од другите, посупериорни од другите и што мислат дека другите не се доволно луѓе за да се соочат со нив.

Говорот на  омраза се шири како некое штетно растение во градината на една мултиетничка држава, каде што треба да цветаат цветови со различни бои. Градината само ваква е убава, кога има различни цветови, и не само од една врста. Северна Македонија е една убава, многубојна градиназа тие што сакаат а ја видат како таква. Но, за жал, за некои ќе беше подобро да има само жолти цветови, и ниту едно црвено, само еден вид рози, и ниту едно друго цвеќе. Но, сепак, оваа држава  секогаш била дом на многу луѓе, многу етнитети, на многу бои, на многу јаици, и на многу религии. Оваа разноличност отсекогаш била карактеристична за нашава земја, но не за секого значело предност. Бидејќи, за некои, различноста е предност, вредност што треба да се негува, а за други, оваа различност е клетва. Тие што различноста ја доживуваат како клетва, сеат говор на омраза кај младите и ги учат да скандираат фашистички и супремациски фрази среде бел ден, сред улица, во центарот на главниот град на една земја што треба да функционира како шарена, расцветана градина.

За некои, ова може да изгледа како тривијален, безначаен случај. Само неколку млади луѓе кои не знаат за што зборуваат, само неколку непросветлени луѓе кои се збунети. Но, не е така, изговорените зборови се потешки од тоа, нивните последици се долгорочни, додека болката што ја предизвикуваат сее семе на недоверба и неизвесност.

На почетокот на сè беше зборот. Затоа, изговорениот збор носи голема тежина, без оглед кој го кажува, заблуден млад човек или човек во пубертет. Зборот е она што го изразува она што го имаме во нашето срце. Зборот ни кажува што сакаме со цело срце. Оттука, зборот понекогаш е убиец на вербата. Дури и ако кажаното со зборови никогаш не се реализира, доволно е штом еднаш помина во нашиот ум, во нашата душа во нашето срце, излезе од нашиот јазик и е упатено на друго лице, друга заедница. Зборот е во суштината на општеството и зборот е главната компонента на омразата која ако не се лекува може да достигне бесконечни размери и ужасни последици.

Во нашиот образовен, училишен и политички дискурс не смее да има простор за говор на омраза. Социјалните медиуми се преплавени не само со невистини, туку и со многу омраза. Мултиетничка држава нема луксуз да толерира говор на омраза. Затоа што како и со сите нешта, омразата е збор. Мултиетничка држава нема луксуз да има учебници каде што едната етничка припадност се смета за супериорна пред другата. Мултиетничка држава нема луксуз да толерира интелектуалци со богати академски кариери кои сеат страв кај народот и наметнуваат фашистички тези на етно-националистичката и јазичната надмоќ. Една мултиетничка држава не може да дозволи различностите да се третираат како хендикеп наместо да бидат универзално признати како приоритети, како суштинска вредност на постоењето во овој свет. Мултиетничка држава што претендира да стане дел од големото европско семејство не може да дозволи антивредностите на омразата да се одгледуваат во неа и да се шират нетрпеливоста, стравот и несигурноста меѓу нејзините граѓани. Суштината на европските вредности е еднаквоста и заштитата од дискриминација. Овие основни вредности не се бранат преку омраза, туку преку постојана борба против неа.

Говорот на омраза се бори со создавање на начин на размислување што ја поддржува различноста. Овој начин на размислување е создаден во здрави едукативни средини каде децата учат не само едни за други, туку и едни со други и едни од други. Говорот на омраза се бори со соочување со аргументи против оние што сеат омраза и ги декласифицираат како анахрони лица кои сега уништија многу работи во историјата и на кои не смее да им се дозволи да ја уништуваат иднината. Говорот на омраза се бори со изговарање „Стоп!“ на сите што го сеат. Ова е исто толку обврска на државата, колку што е обврска на секој од нас. Затоа што секој од нас има моќ над зборот. Омразата се сее со зборови, но исто така и со зборови исчезнува.

 


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.


Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, не секогаш ги одразуваат оние на донаторите на ЦИВИЛ. Ставовите изнесени во изјавите, интервјуата, анализите и колумните, се одговорност исклучиво на Автор(к)ите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ