„Ако референдумот е на 30 септември, тогаш 24 часа пред почетокот, значи во сабота?… не знам тоа јас така мислам, ако тоа е ок, добро“, изјави една од соговорничките.
„Вечерва, 48 часа пред 30 септември“ беа најчестите одговори на граѓанките и граѓаните, но имаше и доволен број што мислеа дека референдумскиот молк започнува во петок на полноќ, поврзувајќи се најверојатно со правилата од изборните процеси.
„Знаат граѓаните за референдумот и се преоптоварени со тие информации и дезинформации. Мислам дека вие новинарите професионално си ја бркате работата и да ги оставите граѓаните на Македонија без разлика на која опција и припаѓаат, политичка, етничка или верска да ги оставите сами да одлучуваат“, истакна друг соговорник.
„Би требало да се почитува референдумскиот молк… гласачите дали ќе бојкотираат, дали ќе појдат на гласање тоа е право на секој граѓанин“.
„Не треба да се излезе воопшто. Ќе не задолжат. Кој ќе ги враќа врати потоа долговите? Народот? Сè ќе удира по џебот на народот. Јас нема да гласам“, објасни еден граѓанин.
Дехран Муратов
обработка на текст: Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Владо Крстевски