• Latest

На што се должат високите температури ова лето

August 22, 2021

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

На што се должат високите температури ова лето

August 22, 2021 09:38
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поголем дел од Европа, особено Балканот, ова лето се соочи со појава на серија топлотни бранови и екстремно високи температури. Регистрирана е појава на тропски ноќи кога минималната температура на воздухот била поголема од 20 степени целзиусови. Загревањето на приземниот слој на воздухот во атмосферата и во почвата и дефицитот на врнежи во еден подолг временски период предизвикаа појава на суша и шумски пожари кои беа актуелни изминатиот период.

Предвидувањата на експертите се дека ваквите појави ќе бидат се почести во следните години што значи дека се очекуваат продолжени суши, ненадејни обилни врнежи од дожд кои може да предизвикаат урагани и поплави, рекордни топлотни бранови во текот на летото, но и студени бранови во текот на зимата и раната пролет.

Овие промени ќе влијаат врз здравјето на луѓето, но ќе се одразат и на социо-економскиот живот. Земјоделскиот сектор ќе биде најмногу погоден и доколку не се прилагоди навреме, можни се намалени приходи на земјоделските култури што, пак, ќе предизвика зголемување на цената на храната.

– Иако беше очекувано, летото 2021 година предизвика многу температурни рекорди, т.е. во одделни делови од регионот регистрирани се екстремно високи температури-речиси незабележани до сега, што следствено може да се поврзе со климатските промени. Иако индивидуалните екстреми не можат директно да се поврзат со климатските промени, редоследот на екстремните временски услови низ целиот свет ја зголеми загриженоста дека сите настани се случуваат како резултат на климатските промени. Но она што навистина е евидентно е дека честината и силината на атмосферските системи и неповолни временски феномени се зголемува, што доведува до многу социо-економски проблеми, особено во најнеразвиените земји на кои им е потребен значително подолг период на адаптација за да се опорават од временските екстреми, велат авторите на анализата „Екстремно топло и суво лето, потопла есен и блага зима во Југоисточна Европа во сезоната 2021-2022“.

Двајцата автори, д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот за физика при ПМФ и поранешен визитинг професор по метеорологија на Универзитетот во Виена и м-р Недим Сладиќ, уредник на временскиот блок во Нова ТВ Сараево, во изјава за МИА посочуваат дека не очекува потопла есен, особено во првиот дел кој ќе биде значително потопол од просекот. Во втората половина на есента не е исклучено да има и нестабилно време и појава на интензивни врнежи.

Во текот на есента можно е формирање и на организирани атмосферски и фронтални системи со појава на нестабилност посебно во јужните приморски области. Можно е формирање на „Медикане” т.н. медитерански циклон во областа на Јонското и Егејското море како резултат на зголемувањето на температурата на морињата, влагата и акумулираната латента топлина на испарување.

– Зимата, според сегашната слика, се очекува да биде поблага поради феноменот Ла Нина, најверојатно со повлажна шема, но предвидувањата за снежните врнежи се со помала доверба поради специфичните синоптички параметри. Но, сепак проценките се такви дека, и покрај ваквите услови, уживањата на ски центрите и планините нема да изостанат, велат двајцата автори.

Осврнувајќи се на метеоролошките параметри во текот на летото, посочуваат дека во Босна и Херцеговина и во Хрватска се соборени многу летни рекорди кон крајот на јуни и почетокот на јули, додека во Грција и Северна Македонија поради долготрајните топлотни бранови и дефицитот на врнежи забележителни беа сушите кои условија пожари од невидени размери.

Фактори за појавата на исклучително жешко лето-2021 година

Во услови на топлотни бранови, дефицит на врнежи, суши и појава на шумски пожари, многумина си го поставуваат прашањето кои се факторите за оваа екстремна топлина и суша ова лето, незапаметена досега на овие простори, и дали тие се резултат на климатските промени.

Несомнено е дека климатските промени забрзано дејствуваат, зголемувајќи ја честината и интензитетот на топлотните бранови. Секоја година во одреден временски период, климата над одредена област е различна.

– Во рамки на климатскиот систем можни се меѓугодишни климатски варијации-колебања. Климатската варијабилност не е униформна во просторот и затоа може да се опише како комбинација од некои просторни модели или модови на климатска варијабилност, кои влијаат на времето и климата во различни просторни и временски рамки. Најпознат периодичен мод (режим) на климатска варијабилност е сезонскиот циклус, појаснуваат двајцата автори во анализата која може да се најде на линкот .

Според нив, причината зошто имавме екстремно топло лето годинава во поголемиот дел од Европа може да се објасни со анализа на распределбата, продолженото егзистирање и влијание на воздушните маси и баричките системи со висок воздушен притисок во југоисточните делови на континентот и адвекцијата на топлина.

– Суптропските ширини претставуваат погодна област за формирање на воздушни маси. Познато е дека во тие географски ширини се наоѓаат пространи т.н. Субтропски антициклони-центри со висок воздушен притисок. Тие заземаат многу голема пространи области и имаат издолжен облик така да се стекнува впечаток како областа со висок воздушен притисок да се протега на целиот субтропски појас. Овие системи се толку постојани и заземаат воглавно област помеѓу 30° и 40° северна и јужна географска ширина. Во текот на летото, овој суптропски појас со висок притисок се поместува кон север и антициклонот е повеќе изразен над океанот. За разлика од останатите антицклони, субтропските антициклони се развиени до големи висини, така да често се простираат до врвот на тропосферата. Во овие слоеви суптропските антициклони се протегаат околу земјата како непрекинат појас со висок притисок, чија оска на висина има карактеристична ориентација во правец  WSW-ENE. Дополнителен фактор е што областа на Северна Африка е екстремно сува. При подесна антициклонална циркулација удружена со соодветни физички особини на подлогата во оваа географска област условува формирање на континентално-тропска воздушна маса. Овие воздушни маси се исклучително суви, топли, со многу изразен вертикален градиент на температурата и стабилна стратификација и вршат блокирање на зоналната цирулација и атмосферските системи во западна Европа. Освен тоа овие маси содржат голема количина на ситна прашина, па во нив поради големата заматеност е намалена видливоста, појаснуваат Спиридонов и Сладиќ.

Темелно осврнувајќи се на влијанието на Сонцето како основен извор на светлина и топлина на Земјата, двајцата автори во анализата заклучуваат дека малку веројатно е дека Сонцето е причина за трендот на глобално затоплување на планетата. Тоа, велат, го потврдуваат и сателитските мерења на Сончевата излезна енергија, која во 40 годишен период се зголемила или намалила за помалку од 0,1 процент за разлика од глобалното затоплување предизвикано од човечкото влијание и согорување на фосилни горива, кое од 1750 година е над 50 пати поголемо од загревањето што доаѓа од Сонцето.

Клучниот фактор за климатските промени, велат тие, е човечкиот фактор и неконтролираните емисии на стакленички гасови.

– Ова се потврдува и во Шестиот извештај за проценка на IPCC (AR6), каде во Резимето наменето за политичарите потенцирани се клучните наоди на Работната група I посветена на  физичките основи на  климатските промени. Во истиот даден е осврт за тековната состојба со климата, каде дефинитивно се потврдува фактот дека човечкот влијание претставува клучен двигател наклиматските промени. Според истиот извештај се проценува дека човечкото влијание и неконтролираните емисии на стакленички гасови  ја загреваат климата и го менуваат климатскиот систем со енормна брзина, како преседан во последните 2000 години, велат авторите.

Предвидувањата се дека глобалната температура ќе продолжи да расте, а доколку не се преземат значителни намалувања на јагледорниот диоксид и другите стакленички гасови, тоа ќе доведе до континуирано затоплување кое ќе услови повеќе суви екстремни периоди. Очекувањата за северозападна и централна Европа, како што наведуваат двајцата автори повикувајќи се на извештајот, се зголемување на поплавите и силните бури, додека за западна и централна Европа се предвидува зголемување на земјоделските, хидролошките и еколошките суши. За медитеранската област се предвидува значителен дефицит на врнежи, зачестени пожари, ризик од суши и долготрајни топлотни бвранови. Источна Европа, пак, ќе се соочи со зголемен ризик од поплави и ризик од пожари.

Екстремните промени опасност за здравјето на луѓето

Продолжените, интензивни топлотни бранови го зголемуваат ризикот по здравјето на луѓето. Топлотниот стрес влијае на руралните области, но е особено изразен во градовите, каде што се формираат т.н. езера на многу топол воздух, (топлотни острови) каде урбаната температура може да се зголеми за повеќе од 5 °C.

Ваквите екстремни промени кои се предвидуваат, според двајцата автори, ќе влијат врз здравјето на луѓето, особено на ранливите групи на население. Доколку не се преземат соодветни мерки, веројатноста да се зголеми должината и интензитетот на топлотните бранови во иднина би влијаела врз зголемувањето на бројот на кардиоваскуларните и респираторните заболувања.

– Топлотните бранови во последната деценија предизвикаа десетици илјади прерани смртни случаи во Европа. Исто така, постои поголема веројатност да се зголеми должината, фреквенцијата и интензитетот на топлотните бранови во иднина. Овој индикатор може да доведе до значително зголемување на смртноста во наредните децении, особено кај ранливите групи, доколку не се преземат соодветни мерки за адаптација. Високите температури, исто така, го зголемуваат нивото на штетен озон и други загадувачи на воздухот, што ги влошуваат кардиоваскуларните и респираторните заболувања. Нивото на полен и други аеро-алергени се исто така повисоки при екстремна топлина. Овие можат да предизвикаат астма, која влијае на околу 300 милиони луѓе. Се очекува порастот на температурата да го зголеми бројот на вакви случаи, наведуваат Спиридонов и Сладиќ во анализата.

Во вакви услови, препорачуваат дека е потребна поголема подготвеност за итна инфраструктура за јавното здравје.

– Раното предупредување, системите за евакуација и ефективните санитарни услови ќе го намалат влијанието на екстремните случаи врз здравјето на луѓето, велат авторите.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ