• Latest

На судењето за нападот врз Села сведочи поранешниот пратеник Александар Стојкоски

April 18, 2018

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На судењето за нападот врз Села сведочи поранешниот пратеник Александар Стојкоски

April 18, 2018 11:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на Македонија на 27 април лани, почна со давање исказ на сведокот Алекснадар Стојкоски, доктор од Клиниката за радиологија во Скопје, кој е сведок на Обвинителството.

На прашање од обвинителот Дарко Јакимовски дали на критичниот ден во Собранието, Стојкоски рече дека бил во собранискиот клуб на пратеници каде се задржал 15 минути.

Стојкоски рече дека е поранешен пратеник и добро му е позната структурата на Собранието. Бил случајно на поминување во Собранието и тој ден не бил на протести. Кога излегол од клубот на пратеници го видел Зијадин Села како лежи на земја пред скалите, а околу него имало група луѓе кои како стампедо се движеле околу него.

Во првиот момнет сведокот рече дека бил шокиран и се повлекол, но кога го видел Ацо Јаневски – Тошта како ги раздвојува луѓето околу Села, а тоа го охрабрило и тој да пристапи и да помогне во раздвојувањето. Села бил во бесознание без движења. Стојкоски рече дека се сеќава оти го тргнал и се обидел да го смири обвинетиот Кире Ѓорѓиевски.

Рече дека не може да каже дека Кире го напаѓал Села, затоа што не видел директен напад. Сведокот кажа и дека дека не видел никој од обвинетите дека врши директен напад врз Села. Стојкоски додаде дека помогнал Села да биде внесен во клубот на пратениците каде во моментот било најбезбедно. Таму му пружил прва помош. Села имал повреди на главата – лицето.  Го прегледал по телото да види дали има други повреди или убодни рани. Побарал од присутните да му донесат мраз, по што Села се освестил и пробал да ги отвори очите. Стојкоски со цел да му го сокрие идентитетот заедно со присутните му облекле дуксер со цел да го изнесат од собраниската зграда.

Стојкоски сведочеше дека со обвинетиот Ацо Јаневски Тошта и други лица вработени во Собранието го однеле прво до бифето, а потоа и надвор од Собранието.

По Стојкоски денеска во Судот треба да сведочат и новинарот Горан Трпеноски и Бојан Василевски вработен во Собранието.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 27 априлнападнасилствосослушувањесудење
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ