Локалните избори во Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово завршија успешно и со голема излезност. Според сѐ уште неофицијалните податоци од ДИК, во Маврово и Ростуше убедливо победи кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски, а во 18:30 часот излезноста била 51,17%.
КАНДИДАТ | ОСВОЕНИ ГЛАСОВИ | % |
---|---|---|
СДСМ – Медат Куртовски | 1924 | 71.21% |
ВМРО-ДПМНЕ – Мевмед Џафери | 661 | 24.46% |
Во Центар Жупа во 18:30 часот имаше излезност од 47,46% со што само се потврди победата на единствениот кандидат на СДСМ, Аријан Ибраим, откако неговиот противкаднидат се повлече од изборната трка.
КАНДИДАТ | РЕГ. ГЛАСАЧИ | ОСВОЕНИ ГЛАСОВИ | НЕВАЖЕЧКИ | ИЗЛЕЗНОСТ |
---|---|---|---|---|
ДПТМ – Аријан Ибраим | 7.154 | 3340 | 55 | 47.46% |
Во Тетово се гласа за Совет на Општината, а излезноста во 18:30 часот беше 33%. Резултатите за сега изгледаат вака:
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА | ГЛАСОВИ |
---|---|
СДСМ | 475 |
ВМРО-ДПМНЕ | 783 |
ДПА | 206 |
ИНТЕГРА | 39 |
ГИ – АГОН ЗАИМИ | 17 |
АЛТЕРНАТИВА | 161 |
АА | 111 |
БЕСА | 1584 |
ДПТМ | 65 |
ГИ – ЕЉМЕДИНА АБДУЛЛАХИ | 185 |
ДУИ | 1170 |
ПЦЕР | 89 |
ЛЕВИЦА | 194 |
Набљудувачите на ЦИВИЛ во Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово јавуваат за мирен изборен ден, без инциденти. Тие оценија дека првиот дел од денот поминал тивко, со мала излезност, но гласачите во поголем број го остварија своето гласачко право во текот на втората половина од денот.
„Денот беше тензичен, но помина во позитивна атмосфера“ – напиша еден од набљудувачите во интерната комуникација на ЦИВИЛ.
Набљудувачите на ЦИВИЛ не беа акредитирани за посета на избирачките места, туку спроведоа мониторинг на состојбата на теренот.
До организацијата пристигнаа десетина повици и пораки од граѓанки и граѓани во кои тие претежно известуваа за кршење на изборниот молк со партиска пропаганда и говор на омразата на социјалните мрежи, но не пријавија изборни нерегуларности или инциденти.
ЦИВИЛ им го честита успешниот изборен ден на сите граѓанки и граѓани на општините во кои се одржаа локалните избори, како и на сите учесници во изборната трка.
Прес центар на ЦИВИЛ