• Latest
ФОТО: Миа

Началникот на армискиот Генералштаб Ѓурчиновски на заседание на Воениот комитет на НАТО

January 17, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Началникот на армискиот Генералштаб Ѓурчиновски на заседание на Воениот комитет на НАТО

January 17, 2024 09:32
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
ФОТО: Миа

ФОТО: Миа

Share on FacebookShare on Twitter

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска и утре ќе учествува на заседанието на Воениот комитет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.

На заседанието, со кое ќе претседава претседателот на Воениот комитет, адмирал Роб Бауер, ќе присуствуваат началниците на Генералштабовите на Вооружените сили на земјите членки на НАТО, нивниот шведски колега, како и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Кристофер Каволи и заменик врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, генерал Крис Бадија.

Како што соопшти НАТО, заседанието на Воениот комитет ќе претставува можност началниците на Генералштабовите на сојузничките земји да разговараат за прашања од стратешко значење за Алијансата.

Претпладнево на почетокот на заседанието на членовите на Комитетот ќе им се обрати заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, кој ќе се осврне на клучните приоритети и предизвици на Алијансата.

Во текот на денешниот ден во рамки на заседанието ќе се одржат пет сесии, од кој првата посветена на Плановите за одвраќање и одбрана на Евроатлантската област (ДДА), на која генерал Каволи ќе ги информира членовите на Комитетот за постигнатиот напредок во имплементацијата и извршноста на плановите усвоени на ланскиот Самит на НАТО во Вилнус. Во рамки на оваа сесија началниците ќе дискутираат и за капацитетите на одбранбената индустрија и оперативното планирање и спроведување.

Во рамките на втората денешна сесија насловена „Воена трансформација“, генералот Бадија ќе информира за процесот на трансформацијата на НАТО, осоебно од аспект потребата на севкупна кохерентност во постигнувањето на колективна одбрана и консолидирано одвраќање, со фокус на операции со повеќе домени, рационализирана команда и контрола, беспрекорна интероперабилност и континуирано подобрување на капацитетите за квалитет и квантитет. Началниците во овој дел ќе разговараат и за Патоказот за прилагодување на сегашните и идните закани.

Од денеска до недела во норвешкиот главен град Осло ќе се одржи годишната Конференција на Воениот комитет на НАТО посветена на зајакнување на одвраќањето и одбранбената положба на Пактот, на

На третата сесија „Интегрирана воздушна и ракетна одбрана“ ќе стане збор на можностите на нејзина подобра готовност, подготвеност и интероперабилност во мирновременски услови, кризи и за време на конфликт, а на четвртата сесија насловена „Приоритетите на НАТО за одвраќање и одбрана“ началниците на Генералштабовите ќе разговараат за насоките во однос на военото одвраќање и одбранбените приоритети на Алијансата, со фокус на клучните барања во пресрет на овогодишниот Самит на Северноаталснтскиот пакт во Вашингтон.

Последната денешна сесија ќе биде седница на Советот НАТО-Украина, што првпат ќе се одржи на ниво на началници на Генералштабови, и на неа ќе се разговара за руската агресија врз Украина, за ситуацијата на теренот и постојаната поддршка на Алијансата за земјата.

Утрешното продолжение на заседанието ќе започне со средба на началниците на Генералштабовите со нивните колеги од земјите членки на Партнерската група за застапување за интероперабилноста (ПИАГ) – Австралија, Австрија, Ирска, Нов Зеланд и Швајцарија. ПИАГ е формат на индивидуален безбедносен договор со земји што не се членки на НАТО, кој овозможува размена на доверливи информации и учество во обуки и вежби на Алијансата. Дискусиите во овој дел ќе се фокусираат на сегашните и идните можности за воена интероперабилност.

Во продолжение началниците на Генералштабовите со нивните колеги од Австралија, Јапонија, Кореја и Нов Зеланд ќе дискутираат за стратешката безбедносна ситуација во Индо-пацифичкиот регион, регионалните предизвици и нивните импликации врз глобалната безбедност.

Заседанието на Воениот комитет ќе заврши со обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг посветено на актуелните политички цели и насоки пред средбата на министерите за одбрана на земјите членки на Алијансата идниот месец во Брисел и Самитот на Пактот во Вашингтон во јули годинава.

За време на заседанието на Воениот комитет, генерал Ѓурчиновски ќе има можност да разговара со неговите колеги и за повеќе теми кои се од взаемен билатерален интерес во сферата на одбраната.

Tags: АРМЃурчиновскиНАТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ