• Latest

Началникот на Генералштабот на американската армија во ненадејна посета во североисточна Сирија контролирана од Курдите

March 6, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Началникот на Генералштабот на американската армија во ненадејна посета во североисточна Сирија контролирана од Курдите

March 6, 2023 08:39
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сириските власти ја осудија ненадејната посета на началникот на Генералштабот на американската армија на воената база во североисточна Сирија што ја држат курдските сили, нарекувајќи ја „нелегална“, објавија сириските државни медиуми.

Во САД беше соопштено дека началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили во саботата се сретнал со американски војници стационирани во регионот под контрола на Сириските демократски сили (СДФ), во кои доминираат Курдите.

„Сирија најостро ја осудува нелегалната посета“ на генералот Мили, изјави неименуван функционер на Министерството за надворешни работи на Сирија.

Тоа е „флагрантно кршење на суверенитетот и интегритетот“ на земјата, додаде функционерот, повикувајќи ја „американската администрација веднаш да престане со систематското и континуирано кршење на меѓународното право и поддршката за вооружените сепаратистички групи“.

Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад го смета распоредувањето на американските сили во регионот за „окупација“ и ги обвинува курдските сили, сојузници на САД, за „сепаратистички тенденции“.

Курдските власти негираат какви било сепаратистички аспирации, велејќи дека тие настојуваат да ја зачуваат нивната автономија, која Дамаск не ја признава.

„Мили во саботата отиде во североисточна Сирија за да се сретне со командантите и војниците“, изјави неговиот портпарол Дејв Батлер.

За време на посетата, генералот „доби најнови информации за мисијата против Исламската држава“, рече Батлер.

Тоа е прво патување на американски генерал во Сирија како началник на Генералштабот на американската армија, а на таа позиција е од 2019 година.

Меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД ја поддржува СДФ, која ја предводи борбата против Исламската држава, протерана од нејзините упоришта во Сирија во 2019 година.

Околу 900 американски војници се распоредени во неколку бази во североисточна Сирија.

Tags: САДСирија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ