• Latest

Нада Прља со „АдаН во градот на огнот“ во МСУ

December 27, 2019
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Нада Прља со „АдаН во градот на огнот“ во МСУ

December 27, 2019 09:01
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, со почеток во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба на Нада Прља со наслов „АдаН во градот на огнот“. Во рамки на инсталацијата инкорпорирани се стрип, скулптура, цртежи, графити и дела позајмени од колекцијата на МСУ.

Под влијание на глобалната криза, што подразбира дека можниот крај не е само имагинарен, Нада Прља на изложбата поставува редица прашања што рефлектираат на нашите состојби во светот денес, но и прашања што се однесуваат на тоа што значи да се биде уметник денес.

Една од основните дилеми е како и што да се создава кога сите ресурси забрзано се исцрпуваат и кога на производството на нови добра и нови вредности се гледа како на исклучок? Дали и како овие состојби влијаат на работата на уметниците и дали и како тоа може да го промени начинот на кој ние ја вреднуваме културната продукција. Ова може да се прошири и на размислувањето дали оваа криза ќе влијае и на тоа како го вреднуваме и нашето постоење како човечки суштества.

„Со оваа изложба ги пренесувам посетителите во замислената 3030 година, каде нашата цивилизација веќе исчезнала и настанала нова, која нема информации за нас. Користам алегорија со желба нашиот поредок да биде преиспитан од една неутрална точка. Новата цивилизација откопува збирка на уметнички дела, создадени и собрани од страна на АдаН (мој псевдоним Нада-Адан) пред цивилизацијата на АдаН да исчезне засекогаш во претпоставениот ден 20.02.2020. АдаН е замислен лик, супер херој кој ја презема улогата на заштитник на нашето културно наследство, заради претчуството дека нашата цивилизација сосема ќе исчезне. Тоа што посетителите на изложбата “АдаН во градот на огнот” ќе можат да видаат во МСУ е токму слободно интерпретирана лична збирка создадена од АдаН. Во истоимената збирка може да се најде селекција на мои делата создадени помеќу 2007 и 2019, но модифицирани. Оваа уметничка постапка има за цел негирање на понатамошно искористување на други материјали во процесот на креирање на нови уметничко дела, како едно од можните решенија за светската криза во рамки на уметничкото создавање. Потоа во оваа збирка, помеѓу другото, се наоѓат и дела на Грабулоски, Манев и мојата баба Нада Корда Сима, укажувајќи на испреплетеноста на односот помеѓу личната и јавната перцепција на културната сегашност и минато. Целата збирка на уметнички дела е придружена со документарен материјал (фотографии и видео) кои постојано потсетуваат на урбаните процеси во нашиот град Скопје. Во исто време, во збирката на АдаН се наѓаат уметнички дела од висока вредност, но се измешани со “невредни” предмети (пронајдени во улиците на Скопје), прашувајќи за нашиот систем на вреднување кој самите сме си го наметнале и кој од перспектива на замислена 3030 год., би изгледал сосема нелогичен и апсурден. Како илустрација на тоа служи и делото наречено “Нада Прада” каде се преобликуват брендираните кошули од Прада, Бурбери и други во едноставен и “невреден” чаршаф, каде сегашнот систем на вреднување го ставам во прашање“, вели Прља.

Изложбата е обид да се постават и промислат овие прашања и обид да се побараат нови креативни методи соодветни на светот во кој живееме. Со цел да ги испита овие можни нови методи, Прља создава свој алтер его – Адан, лик од стрип, кој во серија стрип новели истражува како и што значи да се создава уметничко дело во денешно време. Адан нуди три модели на создавање: со позајмување на уметнички дела да се рефлектира на субверзивен начин на историјата; со повторна употреба или рециклирање на материјалите и идеите од позајмените дела, па дури и од сопствените дела; и конечно со демистификација или “де-уметнификација“ на уметничкото дело и негово отворање за друга употреба.

Изложбата ќе биде отворена се до 21 февруари 2020 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ