• Latest

Надвладеа разумот во грчкиот парламент

June 17, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Надвладеа разумот во грчкиот парламент

June 17, 2018 07:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во грчкиот парламент надвладеа разумот, по барањето на грчката опозициска Неа демократија за интерпелација на владата предводена од Алексис Ципрас. Со 127 гласа за и 153 против, грчкиот парламент ја отфрли оваа иницијатива, со што се отфрли уште една пречка за потпишување на историската Спогодба за надминување на деценискиот грчко-македонски спор.

Како што пренесува МИА, гласаа вкупно 280 од 300 пратеници, а единствено Димитрос Каменос од Независни Грци имаше спротивна линија од партијата и не ја поддржа владата.

Кажаното „да“ од Димитрис Каменос беше дочекано со аплаузи од Нова демократија, но и беше експресно избришан од Независни Грци, со одлука на претседателот Панос Каменос.

Со обраќањето на грчкиот премиер Ципрас заврши тридневната расправа за гласање недоверба на владата по поднесената иницијатива од Нова демократија.

Грчкиот парламент дебатираше за договорот меѓу Македонија и Грција цели 38 часа, со говори од над 193 пратеници, министри од владата и лидерите на политичките партии.

– Вашиот проблем не е тоа дека е лош договорот, туку дека постои договор и е добар, им се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас на Нова демократија од говорницата во грчкиот парламент – Ова е договор што би сакал да го има на маса секој грчки премиер по 1995 и Времената спогодба, бидејќи не содржи само сложено име со географска одредница, ерга омнес, туку како предуслов има и уставна промена на денешното уставно име на соседната земја признаено од 140 земји. На историчарот од иднината ќе му биде тешко да сфати зошто во еден толку позитивен момент за земјата, Нова демократија се обидува да ја урне владата.

– Нашата душа не е географската одредница пред зборот Македонија, туку е нашата историја, нашето културно наследство, нашите симболи, историските личности кои беа присвоени во изминатите години, рече Ципрас.

Во обраќањето пред пратениците, тој упати критики до Нова демократија, дека во минатото немала проблеми со македонскиот јазик.

– Каде бевте во 1977 кога немаше никаков приговор за усвојување на македонскиот јазик во ООН, и тоа на конференција во Атина? Каде бевте кога Евангелос Авероф во 1959 година во парламентот говореше за македонски јазик?, праша Ципрас.

Грчкиот премиер потсети на периодот од 90-те години кога Андонис Самарас беше министер за надворешни работи, дека на средбата со португалскиот МНР и медијатор, Пинеро, на Самарас му го претставил пакет предлогот, вклучувајќи и уставна измена согласно со грчките предлози, а тогашниот шеф на грчката дипломатија, според Ципрас,  го отфрлил името Нова Македонија, но го поздравил прифаќањето на грчкиот предлог за Уставот.

– Договорот не спомнуваше никакво регулирање на нацијата и јазикот, а господинот Самарас не го побара тоа од Пинеро, како што и во Времената спогодба не постои дури ни државјанство, со резултат сите овие години да се зацврсти уште повеќе употребата на термините „Македонец“ и „македонски јазик“, рече Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер рече дека патриотизам значи земјата да стане лидер на Балканот, а до опозицијата ги постави прашањата, дали можеби смета дека нашата земја е закана за Грција или „можеби смета дека за земјата е подобро да не постои и да се распадне соседната држава, во корист на други земји?“

Претседателот на владата на Грција, го повтори ставот на владата, она што го споменаа и Ѕанакопулос и Коѕијас, дека опозициите во двете земји имаат идентични ставови, против договорот.

Tags: ГрцијаинтерпелацијаКаменосНеа демократијаНезависни ГрциСиризаЦипрас
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ