• Latest

Најчевска: Државата го следи патот на претходната власт

March 22, 2018
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Најчевска: Државата го следи патот на претходната власт

March 22, 2018 15:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Проф. Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, говори за неприфатливиот начин на финансиско угнетување на најсиромашните, кои се соочуваат со ригорозни мерки за извршување на нивните долгови, со што се загрозува нивната егзистенција.

Професорке Најчевска, деновиве разговараме за тоа како се однесува системот со најранливите категории на граѓанки и граѓани, особено во делот на извршување на одредени санкции или наплати од банки и други доверители и даватели на услуги на граѓанките и граѓаните. Кој е вашиот коментар? Дали граѓанките и граѓаните се заштитени од самоволието на банките и од самоволието на оние кои сакаат да наплатат одредени добра или услуги?

Најчевска: Она што најмногу загрижува во моментот е отсуството на свест на државата и на владејачките структури и на државните институции за нивната заштитна улога, којашто ја имаат во однос на граѓаните и во однос на она што претставува остварување на нивните елементарни права и слободи. Нашата држава е дефинирана како социјална држава. Тоа подразбира уставно гарантирана посебна грижа за сите што се доведени во ситуација да немаат доволно средства за егзистенција, да не можат да ги исплатат обврските што им доспеале.

Наместо државата да најде законски, институционални или практични решенија со кои ќе го адресира проблемот, ќе ги олесни овие обврски за граѓаните, ќе ги намали сите непотребни давачки што го надминуваат долгот, односно ќе обезбеди деблокирање на нивните сметки. Со тоа блокирање, дефинитивно се загрозува и нивната егзистенција, а државата продолжува да го следи патот којшто беше воспоставен од претходната власт. Тој пат значи приватизација на извршувањето, отсуство на било каква елементарна контрола врз извршувањето и пренесување на товарот на гонењето на неправното извршување на страна на самите граѓани.

Сето тоа придонесува, всушност, да се создаде впечаток дека ништо не се променило, дека институциите, едноставно, продолжуваат да функционираат на ист начин. Тие и понатаму продолжуваат со истите изговори. Дека тоа не е нивна работа, дека тоа е одговорност на друго министерство и оној, најновиот, којшто го имаме во моментов е: „Ќе направиме комисија, ќе ги испита работите и потоа ќе направиме нешто.“

Значи, ова е еден приоритетен момент! На луѓето им е загрозена егзистенцијата! На луѓето многу често им е загрозена егзистенцијата токму заради противправното делување и на извршителите и на други структури кои би требало да бидат под надзор и под контрола на власта. Меѓутоа, властодржецот не наоѓа за сходно ова да го издигне на ниво на приоритет и да ги преземе потребните мерки.

Дали можноста луѓето да обжалат одредени решенија во овие постапки дава доволно простор за оштетените да се одбранат од еден ваков напад на нивната егзистенција?

Најчевска: Значи, тоа не е доволно од неколку причини. Прво, постои спрега меѓу нотарите и извршителите. Едноставно, граѓаните не се известени навремено дека имаат одреден долг и дека тој долг веќе влегол во процедура. Тука автоматски почнува да се „билда“ долгот, односно почнуваат да се „билдаат“ како камати, така и долгови кон нотарите, односно извршителите.

Вториот елемент е дека станува збор за навистина многу ранлива категорија. Најчесто станува збор за пензионери, за луѓе кои примаат соодветни средства од страна, примаат минимални приходи и слично. И кога ќе дојдат во ситуација да треба да платат некој набилдан долг којшто ја надминал основната сума за десет или дваесет пати, едноставно, тие не знаат што да прават. Тие немаат пари за адвокати, немаат знаење, можности и заглавуваат во тој долг што станува долг на нивниот живот, односно потпаѓаат под своевидно заложничко ропство.

Сакате да кажете дека, иако е дадена можноста да се обжалат, односно да се дојде до правда, сепак, опструкцијата, односно пристапот до правда е оневозможен?

Па не е само опструкција, туку и неводење грижа за реалната ситуација. Да речеме, имаме пензионер од 80 години на кого му ја блокирале сметката и кој треба да плати и за деблокирање на сметката, треба да го плати основниот долг, треба да ги плати сите трошоци и доколку смета дека навистина правдината е на негова страна, уште и да плати адвокат, да поднесе приговор и да оди на суд. А знаеме колкава е довербата на граѓаните во судовите, со неизвесен исход за тоа што ќе се случи на крај.

Најчесто, луѓето се откажуваат дури и од можноста на приговор и тогаш кога знаат дека ја имаат платено сметката, едноставно, затоа што ги немаат ниту потребните средства, ниту потребното знаење, ниту потребната едноставност на процедурата што би ја овозможила државата со цел заштита на нивните права.

Што треба да направи системот за да се надмине оваа неправда?

Најчевска: Според мене ова е навистина системски проблем.

Прво, нашата држава треба да почне да ги димензионира законите во контекстот на она што претставува социјален бекграунд на државата. Ние можеме да копираме најдобри, најубави закони од развиените демократии, меѓутоа, тие се направени и се спроведуваат во таков вид на социјална заштита на граѓаните којшто, всушност, обезбедува да не дојде до ситуација да биде загрозена егзистенцијата на луѓето.

Значи, ние треба да ги димензионираме законите на начин на којшто прво ќе ги заштити најранливите категории, потоа ќе постави граници на она што претставува богатење на сметка на граѓаните од различни структури како нотари, извршители, адвокати и слично.

Второ, во самите закони да бидат дадени едноставни процедури. Да им се даде институционална поддршка на овие граѓани, да можат едноставно да ги заштитат своите права. Според мене, дел од она што претставувало приватизирање на извршувањето, пополека, повторно да потпадне под многу поголема контрола на државата и на судовите.

Џабир ­Дерала

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

Обработка на текст: Маја Ивановска

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: државаизвршителиМирјана НајчевсканеправданотариправоСоцијална заштитасудови
Share200Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ