Изборен процес кој не ги промовираше луѓето за кои се гласаше, Државна изборна комисија со несоодветни реакции за искажани сомневања од граѓаните и политичките партии за изборни неправилности, состав на Собрание во кое има пратеници со криминално досие, Влада како резултат на партиски преговарања, се заклучоците на професорката Мирјана Најчевска, во поглед на изборниот проце, прогнозите за формирање и функционирање на новата Влада, европските вредности и нивната примена.
ЦИВИЛ Медиа: Ваша оценка за изминатиот изборен процес, денеска имаме и Конститутивна седница на Собранието, кои ќе бидат резултатите?
Најчевска: За жал, навистина мора да кажам дека изборниот процес воопшто не беше на ниво. И тоа не се должи само на лошиот изборен законик и навистина веќе горечката потреба да го смениме изборниот модел кој што ќе го овозможи вистинкиот плуралитет во Македонија, туку на многу несовршености во спроведувањето на изборите. Државната изборна комисија покажа многу слабости и несоодветно реагираше на сè она што претставува јасно искажани сомневања и кај граѓаните и кај партиите за регуларноста на изборите. Кога ќе се појави и најмало сомнение дека имало можност за манипулација со гласови, за несоодветно собирање на гласовите, несоодветно чување на гласовите, многу е нормално ДИК веднаш да изреагира. Да каже што превзема, кои алатки ги користи за да може да го адресира проблемот. Кај нас немаше ништо од тоа. Напротив ДИК се однесуваше како да е сè во ред, како да е сè најнормално. Па така, хакирањето на страната, како да беше едноставно потурнато на страна како некоја вообичаена и нормална работа. Исчезнувањето на одреден број гласови, па нивното појавување, исто така, и многу се сериозни сомневањата и мислам дека се многу оправдани тие сомневања и кај граѓаните и кај голем дел од политичките партии дека биле можни манипулации дека се прогледало низ прсти на прекршувањата на законите и дека резултатите со кои манипулира сега ДИК не се оние вистинските.
ЦИВИЛ Медиа: Како ќе ја формираме новата влда кои се вашите прогнози?
Најчевска: Во моментот мене повеќе ме загрижува составот на Собрнаието. Некако граѓаните, дури и кога гласаа, па и во сè она со што настапуваа политичките партии беше како да гласаат граѓаните за Влада. Како сега да избираме министри, премиери и сл. никој не зборуваше за луѓето кои ги бираме за во Собрание. Никој не ги претставуваше тие луѓе. Се претставуваа програми, се претставуваа проекти, се нудеа разни работи, зголемување на пензии, на платии и сл., но во ниту еден момент немавме презентирање на луѓето што треба да ги претставуваат граѓаните во наредниот период. Мислам дека и граѓаните некако здраво за готово ја прифаќаат целата оваа ситуација и воопшто го бришат Собранието како највисоко законодавно тело, како тел ово кое се одлучува и во кое се донесуваат закони и го прифаќаат како една механичка, обична, продолжена рака на партиите, како луѓе кои ги извршуваат задачите што ќе им ги даде партискиот врв, кои се таму да подигаат или да не подигаат раце или да фингираат разговори, расправи, поднесување на амандмани и сл.
Како резултат на тоа имаме состав на Собрание во кој што има луѓе со криминално досие, луѓе кои се во процес на судење или за кои што има многу силно, основано сомнение дека сториле големи прекршувања на законите. Имаме луѓе што едноставно во претходниот состав не покажале никакво делување, никаква активност, дури и ги немало во Собранието. Имаме помал број на жени што дефинитивно е загрижувачки, после тој огромен напредок што го имавме по послендите избори. Дури имаме и млади луѓе на кои ова им е прво вработување.
Јас лично, најсериозно се залагам за тоа во Собранието да не смеат да влезат луѓе кои претходно не работеле, луѓе што немаат навршено 40 години и коишто немаат минимално животно, ако не некое друго искуство што ќе го искористат понатаму во работата на Собрнаието.
И како резултат на такво Собрание, очекувам влада што ќе биде дел од партиски преговарања. Не нешто што ќе биде организирана, осмислена извршна структура што понатаму ќе ги спроведува законите. Туку поделба на колачот меѓу различни партиски, етнички структури, за кое нема да се води сметка за тоа на одредени места да дојдат најсоодветните луѓе, да дојдат професионалци, луѓе што ја познаваат материјата и кои што знаат што значи тоа да се раководи министерство. Ќе дојдат луѓе кои од оние или овие причини се соодветни за партијата и кои можат да одговорат на интересите на партиите, не на заедниците, не на граѓаните, не на државата.
ЦИВИЛ Медиа: Колку политичарите и политичките партии во земјава знаат што се европски вредности и како ги практикуваат?
Најчевска: Јас не сум сигурна колку нашите политичари, колку луѓето што влегуваат сега во тој државен естаблишмент знаат што значи тоа исполнување на условите на европската заедница, што значат системски промени, кои државата ќе ја направат демократска.
Мислам дека тие немаат јасна претстава ниту за основните постулати на современата држава. Тие се расфрлаат со зборовите, правна држава, владеење на правото, демократија и слично, меѓутоа секоја понатамошна постапка, секој понатамошен чекор, покажува дека тие всушност не разбираат за што станува збор. Еве, наједноставни работи. Граѓаните се прашуваат отпосле. Значи ќе замислат нешто во Владата, ќе го сервираат тоа на пратениците, ќе биде излгасан одреден закон и тогаш граѓаните ќе се побунат, ќе речат, не е ова што нам ни е потребно, не е тоа шот одговара на нашите интереси, на нашите потреби и мислења. И во тој момент Владата почнува да реагира, вика, ајде да разговараме, Тоа е, како она народот што рекол, после смрт, болест. Мислам се разговара пред да се донесе одредена политика, пред да се изгради одредена стратегија. Нашите полиитчари го изгубија сенсот што ние сме го имале во претходниот политички систем кој што долго време се провираше и во оваа наша самостојна Македонија, дека граѓаните треба да партиципираат, треба да бидат прашани, дека нивното мислење е многу важно.
Дури и во институција, како што е Уставниот суд, во поранешните состави, некаде на почетокот од неговото постоење, не можеше да биде донесена ниту една значајна одлука без да биде консултирана експертската јавност… Не, сега уставниот суд си донесува какви што сака, кога сакаодлуки без никого да консултира, без да поувствува потреба да ја слушне експертската јавност.
Сето ова ни зборува дека нема елементарен сенс за тоа што е демократија, дека таа не претставува само избори, туку демократија претставуваи нволвирање на граѓаните во процесот на одлучување. Не сфаќаат што е правна држва и дека таа значи пред сè одговорност на тие што се на власт, многу голема одговорност за секое прекршување на правото. Не сфаќаат дека професионалноста е навистина нешто многу важно. Особено во земја како што е нашата мала држава која што има ограничен број на интелектуален капацитет. Ние немаме преголеми човечки ресурси со соодветни знаења и сл. и затоа мора да ги искористиме сите, независно од партиската припадност, етничка, верска, на правите места треба да бидат ставени правите луѓе доколку сакаме доколку сакаме да направиме промена.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски