• Latest

Најчевска: Политичкиот дилетантизам што ни се случува нема никаква врска со правото и владеењето на правото

February 5, 2020
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Најчевска: Политичкиот дилетантизам што ни се случува нема никаква врска со правото и владеењето на правото

„Погрешно е што воопшто во некој закон, макар и во Законот за влада, што влезе создавањето на посебна техничка влада пред избори. Заради тоа што тоа лошо зборува за државата. Тоа лошо зборува за институциите на државата. Тоа значи дека државата нема демократски капацитет со институциите коишто веќе постојат, со заштитните механизми коишто би требало да бидат изградени и за коишто тврдиме дека се на такво ниво за да можеме да бараме отворање на процесот за влез во Европската Унија“, смета Најчевска.

February 5, 2020 13:28
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Предизборие. Техничка влада која повеќе наликува на забава за широки народни маси отколку на институција која работи на спроведување на фер и демократски избори. Празни ветувања со националистички предзнак за масовна хипноза наспроти реални и остварливи теми и програми. Преговори за правда и пазарења без крај.  На овие теми зборуваме со професорката Мирјана Најчевска.

ЦИВИЛ МЕДИА: Иако официјално се уште не е започната предизборната кампања неофицијалното претставување на партиите е веќе одамна започнато. Едно од ветувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е дека доколку дојдат на власт, ќе направат се за да го поништат Преспанскиот договор. Што тоа значи за нашата земја во овој момент? Што претставува ваквиот вид на кампања во моментов?

НАЈЧЕВСКА: Прво, јас навистина не верувам дека било која политичка гарнитура која што би дошла на власт би донела таква одлука за укинување на договорите коишто претходно се склучени. Имено, тоа би значело апсолутно неразбирање на поимот на државност. Затоа што државата не постои и не завршува со една политичка гарнитура, туку се претпоставува дека постои континуитет на делувањето. Континуитет зад којшто стојат различни структури и посебно, овој континуитет е важен во меѓународните односи.

Значи, не може туку така една политичка гарнитура да склучува договори, а друга да ги прекинува. Тоа делува крајно несериозно. Едноставно не верувам дека било која политичка гарнитура е на тоа дереџе да направи такво нешто.

Доколку навистина се случи тоа, тоа би значело таков вид на дезавуирање на државата коешто ќе не врати десетици години наназад и кое ќе ги затвори сите врати и можности за влез во Европската Унија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Ова на некој начин е веќе видена приказна. И самиот Мицотакис во предизборието во Грција најавуваше дека ќе го стори истото. Меѓутоа, изборите во Грција завршија одамна, се формираше новата Влада, а не се остварија ветувањата за укинување на Преспанскиот договор. Напротив, соработката меѓу двете земји продолжи со речиси несмалено темпо.

НАЈЧЕВСКА: Вообичаено е за политичките партии коишто очигледно немаат да понудат многу друго нешто коешто е од интерес на граѓаните, коешто е во врска со задоволување на потребите и интересите на граѓаните, да се зафатат за теми за коишто знаат дека можат да ги мобилизираат луѓето. Вообичаено тоа се теми коишто имаат националистичка боја и коишто можат бомбастично да звучат во предизборието. Јас тоа така го разбирам и сметам дека многу е мала веројатноста, екстремно мала е веројатноста, дека такво нешто би си дозволила било која политичка гарнитура којашто би дошла на власт.

ЦИВИЛ МЕДИА: Имавте интересни коментари и согледувања околу техничката влада, распуштањето на Собранието и целиот овој период пред она што не очекува на 12 април, на денот на изборите. Кој е вашиот став за продолжувањето на „традицијата“ на тој Пржински договор?

НАЈЧЕВСКА: Лично мислам дека е многу погрешно. Прво, погрешно е што воопшто во некој закон, макар и во Законот за влада, што влезе создавањето на посебна техничка влада пред избори. Заради тоа што тоа лошо зборува за државата. Тоа лошо зборува за институциите на државата. Тоа значи дека државата нема демократски капацитет со институциите коишто веќе постојат, со заштитните механизми коишто би требало да бидат изградени и за коишто тврдиме дека се на такво ниво за да можеме да бараме отворање на процесот за влез во Европската Унија.

Значи, не може да се бара постоење на некоја посебна структура којашто би требало да ги заштити граѓаните од нефер и недемократски избори. Се претпоставува дека доколку соодветно функционираат институциите, доколку функционираат заштитните механизми и слично, дека граѓаните можат да сметаат на тоа дека ќе има фер и демократски избори. Дека можат и знаат да побараат соодветна заштита и дека таа заштита ќе ја добијат на институционално ниво.

Сметам дека ова е некаков заостаток којшто очигледно им одговара на политичките партии бидејќи им овозможува да влезат во предизборни активности и во некаков политички маркетинг многу пред навистина да бидат распишани изборите и пред да им се даде таа можност и официјално според Изборниот законик.

ЦИВИЛ МЕДИА: Деновиве е актуелна јавната расправа околу донесувањето на Законот за Јавно обвинителство. Се создава впечаток дека сите имаат свое мислење за законот, но најави за конкретен договор и заклучок нема. Што според вас значи донесувањето на Законот за Јавно обвинителство во Република Северна Македонија во овој момент пред изборите?

НАЈЧЕВСКА: Овој Закон требаше да биде донесен многу одамна. Затоа што проблемот со Јавното обвинителство, со несоодветното функционирање, меѓутоа и со изнаоѓањето на модалитет за тоа како да се вклопи она што претставуваше работење на Специјалното јавно обвинителство во редовниот систем и структура на Јавното обвинителство, можеа да се предвидат уште многу порано. Значи, знаевме ние дека ќе дојдеме до оваа ситуација и едноставно требаше во една многу редовна, многу смирена процедура во којашто ќе имаше низа од јавни расправи и тоа со различни структури. Со судии, со јавни обвинители, посебно со експерти, посебно со граѓанските организации и слично, коишто од различна перспектива ќе го дадеа своето мислење и врз основа на чиишто мислења ќе можеше да се изгради соодветен Закон.

Она што најмалку ни требаше е да седнат политички партии, особено претседатели на политички партии да се договараат за Законот. Не требаше тој закон да си влезе во собраниска процедура, Собранието да организира серијал од јавни расправи и врз основа на тоа да биде донесен и најсоодветен закон.

Некако во нашава држава сè се донесува во последен момент, кога ќе речат „а, ова мораме да го донесеме“. Тоа воопшто не значи дека мора навистина да се донесе. Туку, едноставно значи дека специјално чекал да дојде еден таков момент. Специјално ја градел целокупната атмосфера на неопходност и вели „или е црно, или е бело, немаме каде да мрднеме“. Сето ова е на ниво на политички дилетантизам и нема никаква врска со правото, со владеењето на правото и со градењето на државата врз основа на вистински демократски основи.

Јас лично, дури и би била навистина да не се донесе тој закон сега пред изборите, заради тоа што мене ми пречи тоа поставување на работите во последен момент. Сега мора, заради тоа што две ипол години сме спиеле и дошол моментот кога ни викаат од страна дека ако не го донесете нема да може да започне процесот за влез во Европската Унија.

Така исто се случи и со Изборниот законик. Две ипол години воопшто не се спомена промена на Изборниот законик, а сега одеднаш почнаа да се брануваат работите. Така се случува со законите коишто се однесуваат, да речеме, на здравата животна средина и заштитните механизми. Мораме да научиме дека демократијата е бавен процес. Демократијата бара собирање на мислењата од различни структури. Демократијата бара создавање на решенија коишто ќе траат. Ние правиме ад хок решенија, избрзани и моментални решенија. И затоа и не ни траат законите. Ни траат 2 до 3 месеци, па по тие два три месеци мораме да менуваме. Јас бев дури и поборник на тоа да ставиме мораториум на донесување на нови закони додека не научиме дека еден закон без да биде менуван треба да трае минимум две до три години. И дека процедурата за донесување на нови закони мора да биде минимум една до две години, а не еден до два месеци, или една недела, или два-три дена.

Да, јас разбирам дека треба ваков закон. Дефинитивно ни треба нов закон, но не на ваков начин.

Маја Ивановска
камера и фотографија: Атанас Петровски
монтажа: Владимир Перчуклиевски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ