• Latest

Најголема полициска операција во Брисел поради Самитот на НАТО

July 10, 2018

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најголема полициска операција во Брисел поради Самитот на НАТО

July 10, 2018 11:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бриселчаните се навикнати на доаѓањето на високи делегации, бидејќи седиштата на ЕУ и на НАТО се во градот. Но, доаѓањето на американски претседател е секогаш предизвик за бриселската полиција и за граѓаните кои се соочуваат со сообраќаен метеж.

– Од денеска, па до петок бриселската полиција ја организира својата можеби најголема операција во последните години, изјави за белгиските медиуми Илзе Ван Де Кере, портпаролка на бриселската полиција.

Цел на операцијата е непречено одвивање на самитот на НАТО и неговите илјадници високи гости, непречено гледање на полуфиналната фудбалската утакмица Белгија – Франција, но и непречено одвивање на празникот на белгиската фламанска заедница на 11 јули.

Самитот на НАТО почнува во среда наутро и ќе заврши во четврток попладне. Делегациите на 55 земји веќе почнаа да пристигнуваат во Брисел.

Најголемиот стрес за бриселската полиција е обезбедувањето на сите лидери што пристигнуваат во градот но пред се барањата што ги поставува обезбедување на американскиот претседател.

Доналд Трамп пристигнува во вторник вечер со престедателскиот авион „Ер форс уан“ (Air Force One) – подобрена и покомфорна верзија на Боинг 747.

Доаѓањето на Трамп во Брисел веќе предизвика протести. Во саботата протестираа околу 1.500 лица против политиката на Трамп, а протест е најавен и за среда, во близина на локацијата на која ќе се одржува вечерата на која ќе присуствува и Американецот. Полицијата дозволи граѓанскиот протест да се одржи во форма на долг седечки ланец. Но, присиството на полицијата е неопходно.

Многу улици низ градот ќе бидат затворени за сообраќај, особено оние што се на патот кон НАТО или во близината на амбасадата на САД каде што Трамп ќе преспие заедно со сопругата Меланија.

– Повеќе од 2.400 полицајци и околу 1.000 војници ќе бидат мобилизирани за да се обезбеди самитот и целата логистика, изјави премиерот на Белгија, Шарл Мишел.

А тука е и фудбалот. Белгија првпат од 1986 година влезе во полуфинале на Светскиот фудбалски куп. Вечерва Белгија игра со својот прв сосед Франција. (MИА)

Tags: БриселДоналд Трампполициска операцијаСамитот на НАТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ