• Latest
Масовниот убиец, Александар Мартиновиќ (лево), една од локациите каде што се извршени убиствата (фото извор: скриншот од видео на „Балканске преваре“)

Најтешкото масовно убиство во историјата на Црна Гора: 12 мртви во Цетиње; преглед на масовните убиства во земјата

January 2, 2025

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Најтешкото масовно убиство во историјата на Црна Гора: 12 мртви во Цетиње; преглед на масовните убиства во земјата

January 2, 2025 09:18
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Масовниот убиец, Александар Мартиновиќ (лево), една од локациите каде што се извршени убиствата (фото извор: скриншот од видео на „Балканске преваре“)

Масовниот убиец, Александар Мартиновиќ (лево), една од локациите каде што се извршени убиствата (фото извор: скриншот од видео на „Балканске преваре“)

Share on FacebookShare on Twitter

Александар Мартиновиќ уби 12 сограѓани во Цетиње, Црна Гора, што претставува најтешкото масовно убиство во земјата, известуваат црногорските медиуми, пренесува ЦивилМедиа. Четири лица се ранети и се наоѓаат во тешка состојба, додека сторителот на злосторството, Мартиновиќ, изврши самоубиство. Жртвите ги убил на пет различни локации.

Според анализата на црногорскиот Портал Аналитика, до вчера, најтешкото масовно убиство во Црна Гора беше она што го изврши Вук Бориловиќ (34) во август 2022 година во цетињската населба Медовина, кога уби 10 лица. Крвавиот поход на Бориловиќ беше прекинат со негово убиство.

Во јуни 1992 година, Коста Дамјановиќ (22) во Пушањски Дол кај Плевља уби девет лица. Злосторството го изврши во алкохолизирана состојба, а неговиот поход беше запрен од синот на една од жртвите, Досте Шубариќ, кој му ја одзел пушката и го убил.

Година подоцна, во 1993 година, шест лица беа убиени во бјелополското село Чокрлије од малолетниот Момчило Церовиќ (14), кој во семејниот дом ги уби татко му, мајка му, брат му, баба му и внукот. Иста број жртви имаше во 2001 година при експлозија во куќа во Беране, каде што беше и Зоран Стеванчевиќ, кој го поставил експлозивот.

Уште еден тежок злостор се случи за време на новогодишните празници, на ноќта на 31 декември 2005 година, во Зеленика кај Херцег Нови. Милан Зековиќ тогаш го уби петчленото семејство Рогановиќ од Цетиње, меѓу кои имаше и три деца на возраст од 7 до 12 години.

Сепак, досега во Црна Гора не се случило масовно убиство на пет различни локации.

Од порано датира нерасчистениот случај од Сутоморе, каде што во февруари 1965 година беа убиени четворица членови од семејството Новаковиќ – постара жена, нејзиниот син и двете ќерки.

Четири жртви беа забележани и во уште едно масовно убиство во 1993 година кај Бјело Поље. Ново Сошиќ (44) тогаш отишол на кафе кај роднини, по што ги ликвидирал – убиени беа сопругот, сопругата и нивните деца на возраст од 12 и 8 години.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ