Најмалку 18 лица загинаа во судир меѓу армијата и рудари во јужниот дел на Венецуела, во регион познат по насилство и судири на банди, соопштија локалните власти.
Гувернерот на венецуелската држава Боливар, Хусто Ногера изјави дека воена единица одговорила на напад, но не откри повеќе детали.
Локалните медиуми јавија дека загинале 17 мажи и една жена во инцидент, кој се случил во област позната по наоѓалишта на злато и дијаманти.
Армијата во оперцијата одезмала оружје и експлозиви.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини