Хакерската група „Фенси Бер“ се обидела да пробие во електронската пошта на најмалку 200 новинари, издавачи и блогери, покажа истражувањето на агенција Асошиејтед прес, чии сознанија ги пренесуваат американските медиуми.
Агенцијата тврди дека истражувањето покажало оти руски хакери следеле новинари „со иста страст“, како што тоа го правеле со американски политичари и разузнавачи.
Според агенцијата, анализата на податоците кои ги обезбедила компанијата за кибер безбедност „Секјурворкс“, покажала дека „Фенси Бер“ се обидела да пробие во примените пораки на електронската пошта на најмалку 200 новинари, издавачи и блогери, од средината на 2014 година до пред неколку месеци.
АП тврди дека податоците даваат мапа на медиуми кои редовно предизвикуваат „гнев на Кремљ, што ги потврдува новите докази за заклучокот на американската разузнаваќка заедница дека „Фенси Бер“ дејствува во име на руската Влада, кога се мешала во претседателските избори во САД“.
Руската Влада негира дека се мешала во изборите во САД.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.