Во судар на два патники воза во близина на местото Никласдорф во австриската покраина Штаерска, загина една жена, а повредени се 22 лица.
Жената која загина најверојатно беше патничка во возот кој се сообраќаше од Грац кон германскиот град Сарбрикен.
Во железничката несреќа се судрија воз на Еуросити, што сообраќаше од Грац кон Сарбрикен и локален воз. Меѓу повредените има и три деца.
При сударот неколку вагони излетаа од шините.
Се уште не е позната причината за железничката несреќа.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини