• Latest

Наместо во ветерот и дождот, спас за аерозагадувањето да се гледа во формирање на Фонд за животна средина

November 7, 2021
Кијив, 29 ноември 2026 (извор: ДСНС)

Студот – руско оружје на теророт: Над 1.960 дронови за една недела, жртви и разурнати домови во Украина

November 29, 2026

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Наместо во ветерот и дождот, спас за аерозагадувањето да се гледа во формирање на Фонд за животна средина

November 7, 2021 13:57
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Почна сезоната на опасно живеење во македонските градови поради високото ниво на загадување на воздухот. Во доцните попладневни и вечерните часови, воздухот во Скопје и низ другите населени места го менува мирисот, додека мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање и апликацијата Мој воздух веќе почнаа да алармираат за денови со високо ниво на загадување од штетните честички, кои ги надминуваат дозволените вредности.

Европската Комисија во последниот Извештај за реформскиот напредок на Северна Македонија за годинава јавно потенцираше дека земјава треба да го зголеми износот на финансиите и на локално и на национално ниво за да се намали аерозагадувањето. Загадувањето на воздухот останува сериозна грижа, велат од Европската Комисија.

Од Владата на РСМ за Мета.мк се надеваат дека со јакнењето на капацитетите и подетално уредување на обврските ќе се постигне ефект против загадувањето на воздухот во скоро време. Во функција на ова, една од клучните измени на Законот за воздух се однесува на точните обврски и координација на органите на локалната и централната власт, кои ќе бидат определени со точни планови и задолжителни мерки.

„Во моментот во тек се подобрувања и на законските измени на начинот на финансирање на општините така што веруваме дека и тоа ќе вроди со плод во оваа област“, велат од Владата на РСМ.

Наспроти ова, од Еко-свест за Мета.мк пак посочуваат дека на земјава ѝ е неопходно формирање на Фонд за животна средина, кои тие како организација го предложиле во неколку наврати изминатиов период.

„Во моментов сме во фаза на изработка на анализа која треба да даде одговор на прашањето како успешно да се создаде и управува со ваков фонд“, велат од Еко-свест.

Тие додаваат дека имплементацијата на мерките во борбата против аерозагадувањето ќе зависи исто така и од капацитетите на институциите и соработката меѓу нив, но исклучително важна ќе биде и соработката помеѓу централните и локалните власти.

Северна Македонија на изминативе локални избори доби нови градоначалници и општински совети, кои во предизборната кампања не се осмелија да ветуваат премногу во однос на намалување на загадувањето на воздухот, земајќи го предвид фактот дека претходните општински раководства беа критикувани токму поради недоволно спроведените мерки за контрола на загадувачите.

Инаку, најсериозен загадувач во текот на зимските месеци е токму затоплувањето на објектите, за што Владата на РСМ и дел од локалните самоуправи дадоа субвенции во 2020 и 2021 година за набавка на инвертер клима уреди за домаќинствата кои немаат можност да се грејат на централно парно греење во земјава.

Втор голем загадувач на воздухот е транспортот, за којшто од Владата досега единствено се обезбедени средства за субвенционирање на вградување на плински уреди во автомобилите, за којшто годинава беа поднесени 670 барања од заинтересираните граѓани, наспроти над половина милион возила кои официјално се регистрирани во земјава.

Она што најмногу им се замеруваше на локалните власти во изминатиов период пак, се дивите депонии “распослани” по градовите, кои се палат од несовесните граѓани или се горат кабли и други отровни материјали од собирачите на отпад, во функција на остварување на заработка. И покрај напорите на Градскиот инспекторат во Скопје за да ги открие ваквите загадувачи со термални дронови, другите општини во земјава премалку прават за да ги казнат граѓаните кои палат разни видови на отпад.

Инаку, Владата есенва најави формирање на зелен фонд за борба против аерозагадување и климатски промени во вредност од 36,3 милиони долари, но земјава пари за реализација на проекти ќе бара од глобалниот Заеднички фонд за Целите за одржлив развој при Обединетите нации, пишува Мета.мк.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ