Ние обичните смртници го немаме тој луксуз да имаме комотен превоз за да бидеме свежи и енергични на работа. Прилично сме нервозни, тенки со живци, а и со пари ако треба да плаќаме такси за да стигнеме навреме на некој закажан термин, пишува Дехран Муратов во колумната „Нема редовно автобуси, немаш живци, а ни болки во колената!“.
Обичниот народ го болат и рацете и колената, и кичмата, и срцето и душата, но не бара да има масажери на седиштата на автобусите, бара само да има редовно автобуси кои нема да се искршени, извалкани и со расипани клима уреди.
Народни избраници излезете малку од вашите климатизирани канцеларии и симнете се од вашите удобни државни автомобили, дружете се и повозете се малку со обичните граѓани како што правевте за време на изборната кампања. Па потоа донесувајте одлука дали ќе купувате нови автобуси или не.