• Latest

Народниот правобранител со укажувања се справува со дискриминација и вознемирување

January 23, 2019
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Народниот правобранител со укажувања се справува со дискриминација и вознемирување

January 23, 2019 14:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мрежата за заштита од дискриминација во која членуваат Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција Маргини, Фондација Отворено општество – Македонија, Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружение ХОПС – Опции за здрав живот, ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, РОМА СОС –Здружение Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација излезе со соопштение, реакција на работата на Народниот правобранител.

Во продолжение целосното соопштение:

„Во месец октомври до Народниот правобранител поднесена беше претставка против Министерството за внатрешни работи за случај на дискриминација и вознемирување од страна на гранични полициски службеници врз основа на родов идентитет. Во случајот се работи за две транс жени од Турција кои биле вознемирувани од страна на граничната полиција по нивното слетување на аеродромот во Скопје. Двете транс жени ја имаат започнато транзицијата и изгледаат како типични жени, но ознаката за пол на пасошите е „М“ поради несоодветната законска рамка во Турција која го отежнува правното признавање на родот. На аеродромот во Скопје тие се соочиле најпрво со низа прашања околу престојот и причината за посета на Македонија, а потоа полициските службеници ги викале своите колеги без никаква потреба, им ги гледале пасошите, зјапале во жените и им се смееле. Еден од службениците на едната трансжена ѝ кажал дека бил во Истанбул и видел „луѓе како неа“.

По поднесената претставка, Народниот правобранител достави известување во кое наведе дека доставил барање со укажување до Секторот за гранични работи и миграција во кое ги навел наводите од претставката и укажал на потребата надлежните служби најитно да спроведат соодветна обука на сите гранични полициски службеници во насока на нивно сензибилизирање. Народниот правобранител препорачал и преземање мерки за запознавање на сите службеници со соодветната домашна и меѓународна пракса која се однесува на забрата на вршење на дискриминација по кој било основ. Дополнително во известувањето е наведено дека од страна на МВР добиен е одговор на претставката со кој Народниот правобранител бил известен дека извршени биле регуларни проверки на патни исправи и со трансжените се постапувало учтиво, а бидејќи се работи за несовпаѓање со изгледот било направено верифицирање со друг службеник.

Согласно известувањето, Народниот правобранител не утврдил дека се повредени начелата на недискриминација и дека е сторено вознемирување врз основа на родов идентитет и само укажува за потребата од тренинзи за сензибилизација кон „овој тип на лица” и препорачува преземање на мерки за запознавање на службениците со легислативата во областа на дискриминација. Народниот правобранител не ги зема предвид наводите дека транс жените биле изложени на исмејување и недолични коментари од неколку службеници и дека не се работело само за проверка и верификација од надреден службеник како што е наведено од МВР. Имено со своето однесување, непотребните коментари, чекањето, повикувањето на колегите и исмејувањето, полициските службеници на аеродромот создале непријателска и понижувачка средина, го отежнале пристапот и го повредиле достоинството на транс жените. Со тоа што ги повикувале своите колеги за да ги видат пасошите и трансжените, го повредиле и правото на приватност и ги изложиле непотребно на исмевање кое резултирало со повреда на достоинството.

Мрежата за заштита од дискриминација смета дека е од исклучителна важност Народниот правобранител соодветно да постапува во вакви случаи и изречно да утврдува дискриминација и вознемирување, отколку да има поголема верба во исказите на полициските службеници.

Народниот правобранител не верува на исказите од страна на жртвите и во известувањето за запирање на постапката без никакво образоложение само ги пренесува одговорите на МВР. Досегашната пракса покажува дека укажувањата за потребите од преземање на мерки не се соодветен механизам во борбата против дискриминаторско и вознемирувачко однесување и постапувања од страна на полицијата, а Народниот правобранител не мониторира дали препорачаните мерки навистина се преземаат. Бројот на пријави на случаи на несоодветно постапување од страна на полициски службеници расте, а неосудувањето на таквото однесување од страна на телата за еднаквост и неказнувањето на службениците од страна на Секторот за внатрешна контрола и обвинителството, само го охрабруваат ваквото однесување и постапување и ја зголемуваат недовербата кон механизмите за заштита“.

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ