• Latest

Народниот театар од Сараево со „Змејот од Босна“ гостува на МОВ

May 22, 2018
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Народниот театар од Сараево со „Змејот од Босна“ гостува на МОВ

May 22, 2018 07:55
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Хорот на Операта на Народниот театар Сараево и оркестарот на Сараевската филхармонија вечер ќе гостуваат на Мајските оперски вечери со нивната најнова оперска претстава „Змејот од Босна“ на босанскиот композитор Азим Хорозиќ.

Либретото на оваа опера во три чина е на Нијаз Алиспахиќ, режисер е Озрен Прохиќ, а диригент Нада Матошевиќ-Орешковиќ од Хрватска.

„Змејот од Босна“ е интимна приказна за Хусеин Градашчевиќ (1802-1834), отоманско босански, потоа независен бошњачки воен командант, кој подоцна го води бунтот против отоманската влада, барајќи автономија за Босна. Роден во благородничко семејство на босански муслимани, Градашчевиќ станал капетан на Градачац во раните 1820-ти години, симнувајќи ги од позицијата и своите роднини.

Израснал опкружен со политичка клима на превирања во западниот дел на Отоманската империја. Поради своите решителни ставови го добил прекарот „змеј од Босна“ и станал народен херој и еден од најпочитуваните фигури во историјата на Босна и Херцеговина.

Босна змеј 2

Костимограф на претставата е Вања Поповиќ, која заедно со  режисерот Озрен Прохиќ ја изработи и сценографијата, кореограф е   Белма Чечо Бакрач.

Насловниот лик (Хусеин – капетан Градашчевиќ) го игра Иван Шариќ, а со него на сцената се уште 15-ина солисти, како и хорот на Народниот театар од Сараево. Праизведбата на оваа опера на матичната сцена беше во 2016 година.

Следен настан на 46. Мајски оперски вечери е утрешниот концерт „Пучини&Росини“ кој е и претпоследен на годинашниот фестивал, пред неговото затворање на 31 мај, традиционално со Вердиевата „Аида“. (МИА)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ