Во основното училиште Гоце Делчев во Бослово, на избирачкото место 1812, набљудувачите на ЦИВИЛ Центар за слобода забележаа дека гласачката кутија е несоодветно поставена и може да се види како и за што граѓан(к)ите гласаат. Со тоа се прекршува правото на тајно гласање.
Истиот проблем со несоодветно поставување на параванот имаше и на гласачкото место 1811, кое се наоѓа во истото училиште, но по забелешката на екипата на ЦИВИЛ, претставниците на избирачкиот одбор реагираа и ја поместија гласачката кутија.