Наставничкиот пленум најостро ги осудува неодамнешните настани во училиштата во Скопје, Штип и Битола, во кои се инволвирани нашите основци и средношколци и се злоупотребени за политички цели.
„Сметаме дека одредени политички групации грубо ги манипулираат и злоупотребуваат учениците додека надлежното Министерство молчи. За Наставничкиот пленум сите наставници и директори кои ги користат учениците за нивните политички цели се срам за оваа благородна професија. Апелираме до истите, да не ги изложуваат учениците на непријатни ситуации и го повикуваме МОН соодветно и благовремено да реагира и да ги осуди ваквите настани.
Исто така, апелираме до Народниот правобранител и до Хелсиншкиот комитет да ги истражат сите настани и да преземат соодветни мерки, како и да се известат сите странски амбасади за злоупотреба на малолетни лица во политички цели.
Наставнички пленум