• Latest

НАТО ги демантира гласините за повлекување на американските војници од Косово; Руте нагласува дека стабилноста во Косово е во интерес на сите во алијансата

February 21, 2025
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

НАТО ги демантира гласините за повлекување на американските војници од Косово; Руте нагласува дека стабилноста во Косово е во интерес на сите во алијансата

February 21, 2025 11:19
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

КФОР ги демантираше информациите за можно повлекување на американските војници од Косово. Од друга страна, НАТО соопшти дека САД остануваат целосно ангажирани во Алијансата со клучна улога во мировната мисија на Косово.

Безбедносните експерти проценуваат дека поради стратешки интерес, на САД ќе им биде невозможно да ги повлечат своите војници. Во меѓувреме, институциите се повикуваат на поголем ангажман за продлабочување на соработката со администрацијата на Трамп.

Во овој момент кога во локалните и меѓународните медиуми се пишува за можноста за повлекување на американските војници на КФОР од Косово, НАТО преку дневна вежба во кампот Бондстил покажа дека КФОР е обединет за одржување на мирот и безбедноста на Косово, се наведува во статија на ТВ 21. 

„КФОР предводен од #НАТО се приклучи на маршот во кампот Бондстил, Косово. Заедничката обука му овозможува на КФОР да биде посилен заедно, работејќи на обезбедување безбедна средина за сите заедници во Косово“.

Извештаите за повлекување на американските воени трупи од Косово беа отфрлени и од КФОР.

„Американските власти јасно ја кажаа својата посветеност на Алијансата, вклучително и американското присуство во Европа, и дека одвраќањето и одбраната на НАТО мора да останат силни.

Понатаму, во анализата на ТВ 21 се вели дека објавите за повлекување на американските војници на КФОР од Косово доаѓаат по написот на германскиот весник „БИЛД“ каде се вели дека постои можност за повлекување на американските војници од КФОР. Исто така, се вели дека Италија се подготвува за ова сценарио, бидејќи е земја со најмногу воени трупи во Косово. Но, ниту претседателот Трамп, ниту неговите претставници не кажаа такво нешто. Претседателот Трамп преку реакција навести дека доколку се постигне мировен договор меѓу Русија и Украина, бројот на американски војници во Европа може да се намали.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека стабилноста во Косово, Босна и Херцеговина и Србија е во интерес на сите и дека не гледа причина да верува дека може да има некаква драматична промена во однос на американската посветеност на западната воена алијанса.

Руте ова го изјави време на престојот во Братислава, Словачка, кога во дебата со студент беше прашан дали гледа можност за продолжување на конфликтот на Косово, бидејќи се шпекулира дека новата американска политика може да доведе до нивно воено заминување, пренесе Радио слободна Европа на албански јазик.

„Да бидам совршено јасен, од она што го разбирам од американскиот систем е дека тие се целосно посветени на НАТО и на сегашните обврски. Но, да видиме што ќе се случи. Секогаш може да имаме промени во политиката или мали прилагодувања што може да се случат. Тоа го прават Словаците, Холанѓаните и другите. Но, немам причина да верувам дека ќе има драматични одлуки. И воопшто на Западен Балкан мора да бидеме сигурни дека ќе го задржиме овој регион во фокус бидејќи стабилноста на Косово, стабилноста во Босна и стабилноста во Србија е во интерес на сите нас“, одговори Руте.

Подготви: Д. Тахири 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ