НАТО одлучи да изгради воздухопловна база во Албанија, прва таква на Западниот Балкан, соопшти албанскиот премиер Еди Рама.
„Преку фондови на Североатлантската алијанса и во партнерство со владата на Албанија, НАТО ќе инвестира над 50 милиони евра само во првата фаза на проектот за модернизација на воздухопловната во местото Кучова“, напиша Рама на Фејсбук.
Како што пренесува Радио слободна Европа, Рама наведе дека преку тој проект, чија реализација треба да почне годинава, Кучова ќе служи како база за поддршка на НАТО за воздушно снабдување.
„Како и логистичка и поддршка за воздухопловната полиција, и за тренинзите и вежбите на Алијансата“, кажа Рама.
Албанија е членка на НАТО од 2009 година.