• Latest
Ненад Јовановиќ

Национализам, игра на „еден човек“ задолжен за сите луѓе

July 14, 2021

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Национализам, игра на „еден човек“ задолжен за сите луѓе

„Демократија против национализмот“ или „популизмот против демократијата“

July 14, 2021 15:00
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Ненад Јовановиќ

Ненад Јовановиќ

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Воведот на овој текст ќе го почнам со следниот поднаслов, „демократија против национализмот“ или „популизмот против демократијата“. Имено, зборот „популизам“ во денешно време не значи ништо, оти популисти ги нарекуваме и Путин, и Трамп, и Орбан, и Јанша… Така што, кога зборуваме за популизам (иманентно на популизмот е национализмот), зборуваме за многу различни идеолошки правци, лидери, партии и движења, ама изгледа дека една од најточните дијагнози е онаа која вели дека „популизмот е автоимуна болест на демократијата“, тоа е болест што ја злоупотребува демократијата, ги подрива демократските институции, ги користи демократските алатки за да ги уништи, и мислам дека ова е мал и „добар“(?) вовед за денешниот текст од кој се надевам дека ќе поттикне полемички коментари.

На самиот почеток, морам да кажам дека многу реченици се во сообраќај: авторитаризам, тоталитаризам, диктатура, нелиберална демократија, има многу дефиниции, ама сепак, ќе се обидам да објаснам од „лична“ перспектива што денес значи популизмот кој претставува најголемата алатка за освојување на власт на нашите ортодоксни и радикализирани националисти (читај, не постојат нерадикализирани националисти, сите националисти се радикализирани!).

Правата аксиоматска парадигма која ми се јавува во главата е следнава: карактеристично за популизмот е тоа што власта се стеснува, или власта преоѓа на еден човек, односно сите ние влегуваме во авторитарен поредок. Сите популисти се авторитарци кои сакаат да ја заведат масата така што ќе користат лаги, таквите лаги ќе ги институционализираат, а целта е да ја исчистат демократијата од своите основни алатки, тоа пред сѐ се институциите: парламентот, судството, потоа сите други институции и секако, на крајот цивилните организации. Тоа е задача на популизмот.

Понекогаш, кога имам напади на „луцидност“, или кога сакам да ги нервирам останатите во моето друштво кога разговараме за демократијата, ги нервирам со една дефиниција на Херодот, за која ми се чини дека е најартикулирана и најцеловита, а таа гласи: „Демократијата е владеење спротивно на владеењето на еден човек“. И мислам дека тука сѐ е речено, но, сепак, Херодот уште малку додава: „Во демократија не можат да се случат работи кои подоцна се случуваат во тиранија, оти тогаш тој еден човек што владее, толку многу ќе се занесе, и толку многу ќе се вообрази во своето владеење, така што најчесто почнува да работи разни будалштини“. И уште ни вели Херодот: „Најчесто слабостите на еден човек кој владее, стануваат слабости на целата држава“. Ако владетелот е хедонист, владеењето станува хедонистичко; aко владетелот е со други слабости, да не ги набројувам сега, тогаш државата станува таква каков што е и самиот владетел. И тука ценам се јавуваат сериозни проблемите од владеењето на еден човек.

Демократијата, ќе признаете и вие, убава е и според нејзиниот збор, иако и многу други во текот на целата историја ја прогласуваа за смрт, многу луѓе ја укинуваа, но тоа што е убаво во демократијата, тоа е дека секогаш нешто ново се раѓа, и кога за нешто ќе помислиме дека повеќе нема изглед дека нешто ќе се промени во демократијата, тогаш ќе почне да се шепка со сентимент на некои спомени на слободата; и полека, глас по глас, се претвора во огромен глас.

Така беше во времето на Груевизмот: ги баравме со боринче луѓето кои беа спремни да се побунат; баравме луѓе кои полека, глас по глас, ќе успеат да го претворат во огромен глас на протестот и пркос. Другиот збор што е поврзан со популизмот и демократијата е таканаречениот „народ“. Тој збор мене ми е прилично дифузен; па ми се поставува прашањето: што е тоа народ? Тука, ми се чини, барем кога се зборува за зборот „народ“, постои една желба за редуцирање; кога големите револуционери за време на Француската револуција пишуваа „што е третиот сталеж“(?), тогаш велеа: племството и свештениците, овие два сталежи се толку големо малцинство на привилегирани што не може да го претставуваат „целиот“ народ; па освен привилегираните, народот е сето друго останато; третиот сталеж е народот, овие не се народ, така се зборувало за време на Француската револуција. Оваа тенденција, која е револуционерна, крие во себе една опасност, а тоа е тој редукционизам, па потоа ќе дојде партијата, па таа ќе рече дека е народ, па потоа мнозинството во парламентот ќе рече дека ние сме народ, а овие другите не се народ итн.

За жал, се покажа дека е многу полесно да ги заглупувате луѓето, отколку да ги просветувате. И кога се мислеше дека просветителството победило, и кога се сметаше дека национализмот победил, забораваме дека разумот не е единствено човечко својство, дека разумот во себе има и некои други елементи: тоа требаше да ни го покажат двете Светски војни и стотината милиони изгубени животи за, конечно, да разбереме дека мораме да бидеме внимателни со човекот.

Да се обидам да направам упад во денешнината, и да се обидам да направам разлика измеѓу оној што денес е премиер, што значи оној што се занимава со државата, а тоа е Заев, и оној што е негов главен конкурент за премиерското место, а тоа е Мицкоски. Еве еден пример. Ако се каже дека е епидемија, тоа значи дека Заев мора да ги почитува здравствените протоколи затоа што Министерството за здравство вели да не се групираме, да не одиме во кафани и да се придржуваме на мерките. Значи ако се вели да не одиме во кафана, за Мицкоски тоа значи дека може да оди во кафана тогаш кога нему ќе му се „ќефне“. Ако Министерството за здравство вели дека не смее да се прават групирања, митинзи на отворено, тоа за Мицкоски значи дека групирањата се дозволени, митинзи за време на корона се дозволени, протести за време на епидемија се дозволени. Сакам да кажам преку овој банален премиер се покажува дека идејата на државата не смее да е самоволие на еден човек, и дека мора да се почитуваат институциите, а не Мицкоски да работи што сака и како сака. Така што гледате и сами: институциите се обидуваат да воведат ред, а другиот ја упропастува државата преку своето самоволие само преку овој пример. Да не зборувам за многу други сериозни работи кои Мицкоски ги крши. Ако сега крши сѐ, може да замислите што ќе прави ако еден ден стане премиер на оваа држава.

На самиот крај, сакам да кажам уште една важна работа. Ние и ден денешен не знаеме што е тоа политика. Во многу сегменти, за жал, сме заостанати. Меѓутоа, мора да разликуваме што-е-што. Денес оваа држава ми изгледа дека знае во која насока оди, интегрирани сме во НАТО, не се провоцираме со соседите на еден опак начин, го решивме Преспа договорот на добар начин, и тоа е под број еден; под број два, земјата е драстично променета: телевизиите се плурализирани, ама баш секој може сѐ да каже; вредностите на демократијата се уважуваат: протести и критика има; државата не е присвоена, Владата е транспарентна, отчетна, сите документи за нејзиното работење се на увид; се почитува и се разграничува судската од извршната власт; никој во овие четири години не го угушил Собранието. Ова се, потенцирам, некои базични работи за разбирањето на политиката. Затоа што политиката, што сакале ние да мислиме за неа, сѐ уште може да биде магична идеја, вредност и цел за себе, а со тоа магична идеја, вредност и цел на самите граѓани.

 


Авторот е македонски колумнист и критичар кој пишува и објавува текстови во најтиражниот дневен весник „Слободен печат“. Граѓански активист кој работел и на многу локални и национални платформи од областа на човековите права и слободи. Филозоф и писател. Пишувал критички текстови за многу домашни и регионални интернет портали. Живее и работи во Кавадарци.


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ