„Предрасудите го враќаат назад општеството и наместо да сме посветени и максимално вложени за подобар квалитет на животот, за вредности, за економски успеси, да работиме и да се бориме за повисоки плати и подобар стандард на граѓаните, ние сè уште се докажуваме кој е патриот, кој предавник, се создава тензија, отпор кон националностите, секојдневно сме преплавени со говор на омраза и политички и етнички мотивиран. Како држава успеваме да се искачиме на повисоко скалило кое води кон европеизација на системот и сме на чекор до остварување на децениските цели на државата да бидеме рамо до рамо со европските земји, но ценам дека има сè уште сили кои нè влечат назад“.
Горан Трајковски, градоначалникот на Општина Делчево
20 октомври 2020 година