• Latest
Петрит Сарачини

Национализмот и шовинизмот – општествен канцер

June 15, 2021

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата - Воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“(Фото ЦИИВЛ)

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Национализмот и шовинизмот – општествен канцер

June 15, 2021 20:00
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Предизвикан од она што се случува на и околу Европското фудбалско првенство и во јавноста, напишав дека национализмот е канцер за спортот. Повеќе коментатори додадоа дека национализмот не е канцер само за спортот, туку за секоја област во општеството. Апсолутно се согласуваме! И навистина, погледнете, можете ли да посочите област во општеството каде национализмот довел до прогрес, корист за општеството, напредок?

Напротив, никогаш не било така, ниту пак ќе биде. Национализмот е тука да дигне магла и прашина, да ги подели и сврти луѓето едни против други, да им измислува непријатели и да ги држи луѓето зафатени, односно, да создаде идеални услови за нивно ограбување и владеење на општеството од страна на хушкачите, незнајковците и криминалците.

Пцостите на Арнаутовиќ на адреса на Алиоски, но и обидите на некои структури од македонското политичко милје да го злоупотребат настапот на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО 2020 за „патриотско“ јуначење, плукање и поделби не беа неочекувани, не само за Младиќот и кристалната топка, туку за повеќето од вас, драги мои. Тие се последица на добропознатите причини и причинители.

Тие повторно го открија грдото лице и разорното дејство на национализмот и шовинизмот во спортот, што може да се спореди со дејството што го има канцерот и неговите метастази врз еден организам.

Од друга страна, веќе ви пишував за ова, данските и финските навивачи одржаа европска лекција за заедништво и солидарност за време на колабирањето на Кристијан Ериксен, откривајќи ни го убавото лице на фудбалот и универзални вредности, важни во секој спорт. Фер-плеј, емпатија, солидарност, заедништво. Човечност.

На овие простори имаме „богато“ искуство со национализмот и хулиганизмот во спортот и на трибините во 80-тите, предвесник на она што се случи неколку години подоцна. Дел од оние што дивееја на трибините завршија во крвавите војни во државите од бивша Југославија. Некои влегоа и во политиката. Такво нешто е незамисливо во една Данска или Финска, нели?

Но, на овие простори имаме и богато искуство, а богами и големи победи над национализмот и шовинизмот. Тие се дел од антифашистичката и народноослободителна борба во која се удрија темелите на нашата Република. Во таа победа учествуваа припадници на сите народи на Македонија, а наспроти нив, заедно со окупаторските војски, беа идеолошките предци на оние што денес обвинуваат други за „национални предавства“.

Такви значајни победи нашето општество знаело да однесе и подоцна. Последен пат го победивме национализмот и шовинизмот, поделбите, омразата и насилството што беа државна политика на режимот на Груевски, во секоја општествена пора. Го победивме тоа зло со врзани знамиња, со заедништво, солидарност, заедничка борба за еднаквост, слобода, за подобра иднина за сите.

Истите тие структури повторно се обидуваат да се повампират и да се вратат, преку секоја област, преку секој поважен процес или настан во општеството, па дури и преку спортот. Повторно со истите инструменти – пропаганда, лаги, кочења и опструкции, хушкања, омраза, поделби.

Иако некому  се чини доцна овој канцер да се спречи, апсолутно не е доцна, ниту да се спречи, ниту да се лечи. И да се победи повторно. Оти болеста може да победи само доколку добрите луѓе молчат и не прават ништо за да ја спречат и лечат. А лекот, како и секогаш се солидарноста, емпатијата, заедништвото меѓу луѓето.

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ