• Latest

Национална работилница за имплементација на Конвенцијата на ОН против корупција

April 5, 2022
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Национална работилница за имплементација на Конвенцијата на ОН против корупција

April 5, 2022 12:49
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За ефикасна борба против корупцијата, освен законската рамка, е неопходно нејзина доследна примена преку ефикасен систем кој нема да зависи од човечки фактор или гарнитура на власт туку ќе функционира транспратентно и ефикасно, како и поединечна посветеност на сите институции влучени во системот за борба против корупцијата, но и нивна меѓусебна соработка, порачаа дел од учесниците на Националната работилница за имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупција (УНКАК), пренесува МИА.

Вицепремиерката Славица Грковска смета дека треба да се работи на воспоставување систем за борба против корупцијата кој ќе функционира професионално, транспарентно и ефикасно, без да биде зависен од тоа која политичка гарнитура е на власт и од човечкиот фактор, туку од правилата и прописите.

– Тоа единствено е можно доколку има одлична соработка меѓу сите институции кои се во ланецот задолжен за сузбивање и санкционирање на сите оние кои го прекршуваат законот почнувајќи од ДКСК, МВР, финансиска полиција, обвинителство, судство… Доколу само една од овие институции во тој ланец не функционира како што треба, тогаш сигурна сум дека ефикасноста во сузбивањето на сите негативни појави во нашето општество нема да биде потполно, рече Грковска.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска се согласува дека воспоставување на овој систем е неопходно поради, како што рече, тежината на проблемите што ги предизвикува корупцијата, која ги поткопува ги институциите, демократските и моралните вредности и правдата. Корупцијата, нагласи е поврзана и со организираниот и економскиот криминал и перењето пари.

– Ова не е локален проблем, туку транснационален, што ги напаѓа сите општества и економии апсорбирајќи значаен дел од јавните пари. За ефикасна превенција е неопходен глобален и мултидисциплинарен пристап, особено непосредна соработка и поддршка меѓу државите и поддршка од граѓанскиот сектор и НВО за поефикасно справување.

Таа, осврнувајќи се на работата на институцијата со која раководи, истакна дека иако буџетот наменет за ДКСК се зголемува, нејзините финансиски и човечки ресурси остануваат недоволни, бидејќи нејзините надлежности постојано се прошируваат. И покрај овие проблеми, нагласи Ивановска, Комисијата работи максимално во рамки на можностите, но, потенцира таа, нема задоволувачки одговор од другите органи.

Во овој состав, истакна Ивановска, ДКСК работи три години и има сработено бројни предмети, антикорупциска проверка на легислативата, дадено препораки, а покренале и 18 иницијативи до јавното обвинителство, кои, како што рече, за жал не се со позитивен резултат. Само мал дел од препораките кои ги дале, нагласи Ивановска, се прифатени и е постапувано по нив.

Претседателката на ДКСК истакна дека изработиле и анализи кои се однесуваат на злоупотреба на дискрециските права.

– Тоа е она што сметам дека најмногу му пречи на ова општество. Тоа се анализи кои се однесуваат на дискрециските права при вработувањата, на доделување лиценци и договори за концесии и слично, дискрециски права во урбанизмот и градежништвото, анализи за непродуктивни трошоци, како оние за службени возила репрезентации апанажи, картички, за финансирање во спортот преку ваучери и трошење значителни буџетски средства не гледаме или гледаме мал одговор на овој наш вложен труд, рече Ивановска.

Министерот за правда Никола Тупанчески се осврна на Конвенцијата на ОН против корупцијата која, како што кажа, претставува единствен, обврзувачки, антикорупциски универзален механизам или инструмент првпат во историјата на човештвото, потенцирајќи дека претставува и сеопфатна алатка за адекватен, соодветен одговор на современите предизвици во борба против корупцијата.

– Овој механизам не само што е релевантен во однос на креирање на политиките за сузбивање на корупцијата, огромен е бројот на членки држави кои го потпишаа како документ, кои го имплементираа во своето законодавство, а и нашата држава не заостанува во однос на она што се нарекува имплементација, рече Тупанчески.

Во нашата држава, како што посочи, иако има седум институции кои се специјализирани за борба против корупцијата сепак останува и натаму сериозна работа во однос на постигнувањето на целта.

– Она што ни беше парадигма за тоа дека навистина многу сме направиле во однос на враќањето на имот како кула од карти се распадна затоа што сепак на крајот констатираме дека системски има аномалии за реализација на она што беше претходно донесено како пресуда (зборуваме за онаа најголема конфискација што беше изречена не само во Македонија, туку и во Регионот). На крајот излезе дека има одреден недостаток во однос на тоа што значи враќање на криминално стекнатиот имот, рече Тупанчески.

Посочи дека се обидуваат да ги констатираат и решат аномалиите кои произлегуваат од ваквите состојби.

– Во моментов веќе е најавено формирање работна група во рамки на Министерството за правда во оној дел каде најмногу кикснавме, односно онаму каде треба да биде извршена конфискацијата – работна група за изработка на законот за управување со одземен имот. За краток временски период ќе успееме да стигнеме, ако се додадат и новиот закон за кривична постапка и кривичниот законик, мислам ќе претставува заокружена целина каде ќе бидат отстранети недостатоците и она што се нарекува инсуфициентност во примена на Конвенцијата на ОН, заклучи Тупанчевски.

Раководителот на УНОДЦ програмската канцеларија во Република Северна Македонија Бил Вуд истакна дека граѓанското општество е клучен фактор и нивната улога се наоѓа во Центарот на стратегијата на УНОДЦ, потенцирајќи притоа дека тесната соработка меѓу разните засегнати страни вклучително и граѓанското општество е од суштинска важност за да се овозможи соодветна имплементација и политички заложби.

Стратегијата на УНОДЦ за 2021/2025, како што посочи, има за цел активно да го поддржува граѓанското општеството, медиумите и академијата со цел нивно активно ангажирање, спречување и борба против корупцијата.

– Корупцијата и организираниот криминал се нераскинливо поврзани едно со друго и кога зборуваме за поткуп и сите негови форми и потребата од транспарентност, мора да запаметиме дека организиран криминал вирее во заедници кои се подложни на поткуп, тоа е многу честа алатка во нивниот бизнис модел и затоа е тоа многу важно да го знаеме сите што се бориме против корупцијата и да бараме транспарентност и отчетност, рече Вуд.

Национална работилница за имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупција (УНКАК) се одржува во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ