• Latest

Национална веб-платформа за далечинско учење за основците и средношколците

March 24, 2020
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Национална веб-платформа за далечинско учење за основците и средношколците

March 24, 2020 15:18
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од утре  ќе биде во функција унифицирана национална веб-платформа за далечинско учење од дома за сите основци и средношколци. Линкот до е-училницата е: www.eduino.gov.mk и ја изработува Бирото за развој на образованието во соработка со УНИЦЕФ по примерот на ефикасни платформи за далечинско учење што се користат во регионот, пред сè во Хрватска.

– Платформата ќе понуди видеолекции односно разработка не методски единици за сите одделенија и сите задолжителни предмети. Тие ќе таат 15 минути и ќе бидат придружени со презентација, нарација и објаснување од наставник што ќе се пријави за таа цел. Веќе се известени сите основни и средни училишта  за платформата за далечинско учење и досега се пријавиле околу 600 наставници, а интересот од нив расте секој ден, рече на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми.

До сите училишта се доставени обрасци и видеоупатства за подоговка на видеолекции. Адеми соопшти дека има пријави за над 1.000 лекции, а пристигнати се околу 400 лекции. Тие се проверуваат содржински  и се внимава да не се повторуваат тамтски. Очекува драстично да се зголемува бројот на пријави во наредните денови.

Оваа е-училница е најнова мерка на Владата зашто, како што рече Адеми, јасно е дека наскоро нема да продолжи регуларната настава, но тоа не значи,  рече тој, дека целосно ќе прекине воспитно-образовниот проес и дека годината треба да се прогласи за завршена.

Тој соопшти и за донесените уредби на вчерашната седница на Влада за институциите од сите образовни нивоа  – основно, средно и високо образование и за јавни научни институти да организираат електронко учење од дома, за што самите ќе го изберат начинот и формата на далечинско учење, како видеоконференциски платформи, елекронска пошта и различни други средства и алатки што обезведуваат двонаосочна комуникација меѓу учениците/студентите и наставниците/професорите. Наставниците ќе реализираат настава, ќе организираат вежби, тестирања, проверки и објективно оценување на знаењето ученците.

Министерот потсети на веќе донесените мерки за учење од дома, препрачаните платформи и апликации бесплатни за користење, во соработка со УНИЦЕФ и граѓанскиот сектор, интензивирањето на програмата ТВ-училница од по два и пол часа секој ден на МРТ, со 15-минутни лекции за сите предмети за основно од прво до деветто одделение, како и емисиите и приказни за деца од претшколска возраст.

На новинарски прашања за пристапот до интернет и компјутер, Адеми одговори дека цела територија на државата е покриена со интернет и дека за онлајн-настава не треба да се има смарт-технологија. Сепак, рече, предизвикот со ИТ-опрема е поголем за учениците од основно и средно отколку за студентите и доколку има проблеми треба да се пријават. Притоа нагласи дека условите се вонредни, но образовна надградба мора да има, за што со донесени и уредбите кои обезбедуваат правна основа.

Во однос на тоа како ќе се оценува знаењето на учениците онлајн, Адеми рече дека  во уредбите за сите образовни нивоа се предвидува дека наставнците може да ги оценуваат, а за начинот Бирото за развој на образованието веќе подготвува упатстава  и препораки за сите наставници.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ