• Latest

„Националниот патриот“ генерал Ивашов изјави дека е против војната со Украина, побара оставка од Путин

February 7, 2022

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

„Националниот патриот“ генерал Ивашов изјави дека е против војната со Украина, побара оставка од Путин

Ретко кој во Русија може да го критикува Путин поради стравот кој владее кај сите што не се согласуваат со неговите политики. Затоа, изјавата на познатиот генерал-полковник Леонид Ивашов е исклучително важна

February 7, 2022 16:24
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пензионираниот генерал-полковник Леонид Ивашов, познат по своите просоветски и национал-патриотски ставови, во својство на претседавач на „Серуското офицерско собрание“, издаде обраќање против војната на Русија со Украина. Во подготовка на таква војна тој ги обвини руското раководство и претседателот Владимир Путин, кого го повика да поднесе оставка, се наведува во објавата на Серуското офицерско собрание.

Обраќањето е од 31 јануари. Еден ден претходно, обраќањето го привлече вниманието на политикологот Иван Преображенски, а потоа и други коментатори на интернет.

Според Ивашов, „претходно Русија (СССР) водеше присилни (праведни) војни и, по правило, кога немаше друг излез, кога виталните интереси на државата и општеството беа под закана“. Меѓутоа, сега, како што пишува генералот, единствена закана за постоењето на Русија е деградацијата на нејзиниот внатрешен живот. Додека надворешните закани „во моментов не се критични“. „Во целина, стратешката стабилност се одржува, нуклеарното оружје е под сигурна контрола, силите на НАТО не се собираат и не покажуваат заканувачка активност“, пишува Ивашов.

Како што се наведува во обраќањето, Украина како независна држава има право на индивидуална и колективна одбрана. „Нормално, за Украина да остане пријателски сосед на Русија, неопходно беше таа да ја покаже привлечноста на рускиот модел на државата и системот на владеење“, пишува Ивашов. Тој, исто така, забележува дека огромното мнозинство од државите во светот не ги признаваат анектираните Крим и Севастопол како руски, што „убедливо го покажува неуспехот на руската надворешна политика и неатрактивноста на внатрешната“.

Според генералот, употребата на воена сила против Украина „прво, ќе го доведе во прашање постоењето на самата Русија како држава; второ, засекогаш ќе ги направи Русите и Украинците смртни непријатели“. Ивашов стравува и дека земјите од НАТО, посебно Турција, ќе влезат во конфликтот. „Покрај тоа, Русија дефинитивно ќе биде вклучена во категоријата земји кои го загрозуваат мирот и меѓународната безбедност, ќе подлежи на најтешки санкции, ќе се претвори во параја на светската заедница и веројатно ќе биде лишена од статусот на независна држава“, смета генералот. Тој смета дека Русија „провоцира тензии на работ на војна“ за да го одвлече вниманието на населението од внатрешните проблеми. Обраќањето содржи барање претседателот да се „откаже од криминалната политика на провоцирање војна“.

Ивашов во 1996-2001 година беше началник на Главниот директорат за меѓународна воена соработка на Министерството за одбрана на Русија, а заземаше и други високи позиции во Министерството за одбрана. Тој стана особено познат по неговите остро негативни оценки за операцијата на НАТО против Србија во 1999 година. По оставката, тој зборуваше за весникот „Завтра“ и други медиуми критикувајќи ја политиката на руските власти од „национално-државни“ позиции. Тој ги критикуваше и НАТО и Западот.

„Серуското офицерско собрание“ е јавна организација која обединува резервни офицери со просоветски и национал-патриотски ставови, во неговото раководство спаѓаат, на пример, полковникот Владимир Квачков и други познати личности.

Во последните недели Русија во близина на границата со Украина концентрираше голема вооружена група, додека дополнителни единици и опрема пристигнуваат за вежби во Белорусија. Западните земји стравуваат дека Русија може да изврши инвазија на Украина од големи размери. Москва негира подготовка на таква инвазија.

Извор: ОБЩЕРОССИЙСКОЕ ОФИЦЕРСКОЕ СОБРАНИЕ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ