• Latest

Наводно видео на Зоки Фаци предизвика лавина од навреди и омраза на социјалните мрежи

July 21, 2021

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Наводно видео на Зоки Фаци предизвика лавина од навреди и омраза на социјалните мрежи

July 21, 2021 12:21
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Видео од контраверзниот новинар Зоран Василевски познат како „Зоки Фаци“, во кое наводно се гледа негово учество во сексуален акт со друго машко лице, се ширеше масовно вчера на социјалните мрежи. Видеото предизвика лавина на коментари, голем дел од кои со навреди и говор на омраза на сметка на сексуалната ориентација на Василевски. Тој на социјалните мрежи демантираше дека се работи за вистинска снимка, а набргу потоа ги исклучи профилите на социјалните мрежи.

Иако Василевски и преку одредени медиуми излезе со демант дека видеото е само една добра видео монтажа, коментарите полни со тешки навреди и говор на омраза не стивнуваат дури ни денеска.

Вакви коментари и објави  се најдоа и кај познати и влијателни личности. Актерот Сашо Тасевски, на пример, во текот на вчерашниот ден имаше серија објави на негоиот Фејсбук профил, со навредливи контексти и зборови за Василевски и видеото. Објавите, иако неповрзани, беа ставени и во контекст на воведувањето на сексуалното образование во училиштата, Под овие објави се редеа коментари на следбениците на Тасевски полни со навреди и омраза.

 

Сличен пристап имаше и сатиричарот и инфлуенсер Иљче Затаракоски, кој пак ова видео, иако неповрзано на ниту еден начин, го стави во контекст на навредување на луѓе кои се хонорарно ангажирани во Владата на Северна Македонија.

 


 

 

Слични објави со експлицитни навреди и говор на омраза беа забележани и на Твитер, во што предничеа анонимни профили, кои вообичаено споделуваат содржини полни со говор на омраза. Коментарите беа користени и за напад и генерализација на цели професии, како новинарството.

 

 

ЦИВИЛ уште еднаш упатува порака до сите медиуми и јавни личности да се воздржат од коментирање и ширење на говор на омраза кон други личности и кршење на елементарни човекови права, во кои спаѓаат и заштитата на приватноста, како и на угледот и достоинството на секој граѓанин и граѓанка за земјата.

Воедно, ЦИВИЛ ги повикува надлежните органи, особено Обвинителството,  да постапат ефикасно и брзо кон потенцијалните нарушувања на приватноста и приватната коресподенција, како и кон експлицитните објави со говор на омраза и повици на насилство кои претставуваат кривични дела, а кои се објавуваат и организирано се шират секојдневно на социјалните мрежи.

ЦИВИЛ Мониторинг тим 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ