• Latest

Навреди и говор на омраза во име на цела редакција!?

January 18, 2021
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Навреди и говор на омраза во име на цела редакција!?

January 18, 2021 11:20
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Навредливи зборови, говор на омраза, клевета, и поттикнување  тензии. Ваквите содржини веќе не се дела само на скриени профили и анонимни ботови, туку се објавуваат и од официјален профил на еден македонски медиум – Вечер.мк кој во минатото беше познат по наративите кои го поддржуваа режимот.

“Ауууу што адреси си имал на лагер шуго, се силиш по Твитеров и после по невладини и амбасади бараш да те бранат.  Тешко на нив ако ти си им избор шугави”, пишува во една од објавите  на Вечер.мк на твитер.

Ова е последниот, но не и единствениот пост со ваква содржина на овој медиум. Во име на цела редакција, профилот кој носи и официјално лого на медиумот, а шири и текстови од истиот на друг пост, ги напаѓа читателите, а говор на омраза и навредливи зборови упатува и кон учесниците на Шарената Револуција:  “Шарениве сте стварно тиња, мора некој да ви каже што се случува, свои очи за да гледате директно од телевизија, да читате твитови… и своја памет никогаш не сте ни имале”.

Во друга објава од последните денови Вечер.мк пишува: „Фајронт пациенти, гитла назад во шталата“. И овој пост останува на официјалниот профил на медиумот. Како за овој, така и на другите, читателите со право се прашуваат дали ова се ставови и на целата редакција.

„Борбата“ против неистомислениците оди дотаму што воопшто и нема разлика од наративот кој го користеше режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, а кој се уште се користи и денес од различни членови и функционери на оваа партија. Профилот на Вечер.мк, во објавите се користи и со „епитетите“  „соросоиди”, „комунисти”, „црни фондови”, и слично.

“Во социјализмот, мислиш, комунизам не дочекавме“

„Жално е што денес тие што политички и финансиски се наследници на социјализмот станаа шарени соросоиди без идеја, плати – носи политика.“, „Вечер е тука, со Македонците, и го читаат сајтот бесплатно. Без црни фондови, донации…”, пишува на  официјалниот Твитер профил на Вечер.мк .

По сите вакви објави полни со навреди, говор на омраза, обвинувања, клевети и слични недозволиви зборови за еден медиум, јавноста го поставува прашањето: Дали исти ставови делат сите други членови на редакцијата, новинари и вработени на овој медиум?

Единствениот начин да се добие одговор на ова прашање е – вработените самите да одговорат. Да потврдат дека исто мислат или да се дистанцираат од официјалниот профил на медиумот или администраторот на истиот!

А. Зеќири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ