• Latest

Националната стратегија за млади – без буџет и без млади!?

February 17, 2016
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Националната стратегија за млади – без буџет и без млади!?

February 17, 2016 14:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неодамна Владата ја усвои Националната стратегија за млади 2016 – 2025,  документ што ќе го дефинира креирањето на политиките и инвестирањето во младите во следните 10 години. Процесот на подготвување на Националната стратегија за млади, не беше инклузивен и не ги вклучил препораките на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, најголемата и најрелевантна платформа која ги претставува интересите и потребите на младите во земјава.

untitled-jkg

Проблемот продолжува и со необјавувањето на текстот на Стратегијата, која и по петнаесет дена од усвојувањето, не е достапна за јавноста и младите, односно, веднаш по објавувањето на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт, беше повлечена.

Во соопштението на НМСМ, по тој повод, се наведува нивната загриженост, заради “изоставувањето на клучни мерки кои беа предвидени за младите, а кои без консултација, се исклучени од усвоениот документ како: Министерство за млади, бришење и/или парафразирање на описи, со цел – значително ублажување на фактичките состојби на младите во делот на образованието, отсуството на здравствената едукација и сеопфатно сексуално образование со сите свои компоненти, ставањето на барем едно контрацептивно средство на позитивната листа, како и акредитирањето, наспроти поддржувањето и препознавањето на неформалното образование”.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, со цел – поттикнување на сé поголема вклученост на младите во креирањето на политики , има свој претставник во НМСМ. Според Дехран Муратов, претставникот на ЦИВИЛ во НМСМ: „’Транспарентната’ – а, всушност, нетранспарентно донесена стратегија за млади е доказ дека мислењето и препораките на дел од младите, чии организации се членки на НМСМ, што беа дел од тимот кои ја креирале Стратегијата за млади, се искористени и нивниот став не е земен предвид и воопшто го нема во новата стратегија. Но, за тоа се виновни и самите млади, затоа што, иако стратегијата е донесена пред петнаесет дена, членките на НМСМ сé уште размислуваат на кој начин да го искажат свото незадоволство. Сé додека младите молчат, институциите ќе носат одлуки кои се спротивни од нивните очекувања и барања. Сметам дека младите треба да се погласни и ќе ја искористам поговорката: ‘Се додека детето не досадува и не плаче, макјката нема да го дои’“, вели Муратов.

Документот е неприфатлив и за Младинскиот образовен форум – МОФ.

„За институциите, овој документ е поместување напред, но за младите е регресија, затоа што новата стратегија, нема буџет, нема индикатори, нема план за мониторинг и евалуација, не се знае дали ќе има акциски план”, смета Дона Костуранова од МОФ.

Националната стратегија за млади, само уште еднаш покажува дека Владата, продолжува да биде исполнителна во креирање на политики на хартија, но во пракса, младите и следните десет години ќе бидат врамени во стратегија која не ги вклучува нив. Или, ќе продолжи да форсира контра-здруженија и организации кои ќе пеат фалбоспеви за нејзината работа и ќе ги поддржува преку партиски обоената Агенција за млади и спорт.

А тоа на властите им овозможува да манипулираат со огромниот број млади и да ги користат во предизборни цели, преку партиска пропаганда и индоктринација од мали нозе или прекусатанизација  на секоја појава на критичко мислење и протест против контроверзните постапки на Владата. И паралелно, властите да се претставуваат како заштитиници на интересите на маргинализираните млади личности, притиснати од хаосот во образованието, невработеноста и целосно партизираната држава која ги оневозможува иновативноста и претприемништвото.  Дури и со (не)посточеки декадни стратегии за кои не е предвиден буџет…

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаДехран МуратовДона КостурановамладиМОФНМСМстратегијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ