• Latest

НДИ: Политичката криза е најсериозен проблем за граѓаните на Македонија!

April 6, 2017

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

НДИ: Политичката криза е најсериозен проблем за граѓаните на Македонија!

April 6, 2017 15:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За првпат од конфликтот во 2001 година, општата политичка ситуацијa – политичката криза е најсериозен проблем за граѓаните на Македонија, по што следуваат сиромаштијата, невработеноста, економската криза и платформата потпишана од лидерите на партиите од албанскиот блок. Ова се резултатите од анкетата „Перцепција на македонските граѓани за моменталната политичка состојба во Македонија“ што во март ја спровел американскиот Национален демократски институт (НДИ), со финансиска поддршка од УСАИД. 

Деведесет и три проценти од граѓаните во Македонија моменталната политичка ситуација во државава ја доживуваат како тензична, критична и нестабилна.

Дури 65 отсто мислат дека државата се движи во погрешна насока, наспроти само 8% кои сметаат дека државата се движи во вистинската насока.

Речиси секој трет испитаник смета дека најодговорна за политичката криза е ВМРО-ДПМНЕ или претседателот Ѓорѓе Иванов. За 13 отсто проблемот лежи во платформата на партиите на Албанците, а речиси 11 отсто – прстот го вперуваат во СДСМ.

А речиси две третини од граѓаните сметаат дека мнозинството од пратениците може да формира влада, а половина од граѓаните на Република Македонија (51%) сметаат дека СДСМ и нејзините коалициски партнери имаат овластување да ја водат владата. Сепак, само 40% сметаат дека формирањето влада, без Иванов да го даде мандатот е легитимно.

Осум од 10 граѓани на Република Македонија (81%) не ја прочитале Платформата потпишана од страна на партиите од албанскиот блок.

Според граѓаните, растот на економијата, ставањето крај на политичката криза, вработувањата , обединувањето на земјата и владеењето на правото – треба да бидат првите пет приоритети за новата влада.

Платформата потпишан од лидерите на партиите на етничките Албанци е приоритет за само 1,8% од анкетираните граѓани.

На прашањето – „Од каде најмногу се информираат за политичките случувања?“, 66,5 проценти одговориле дека најмногу се информираат од телевизиите: Сител – 14.4, Канал 5 – 13.7, Алсат-М – 12.8 и ТВ 24 -11.9 проценти.

Анкетата е спроведена од страна на ТИМ Институт на 807 испитаници на возраст од 18 години и постари.

Tags: анкетаВМРО-ДПМНЕЃорге ИвановНДИплатформаприоритетиСДСМТИМ Институт
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ